Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ЦГК: МВР со огромна заработка од пасошите, МНР плаќало незаконски износи за аванси за евакуациски летови од Блискиот Исток
    Македонија

    ЦГК: МВР со огромна заработка од пасошите, МНР плаќало незаконски износи за аванси за евакуациски летови од Блискиот Исток

    11/06/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска го објави истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“, каде се анализираат три тендерски постапки кои отвораат сериозни прашања за транспарентноста и заштитата на јавните средства.

    Истражувањето се темели на анализа на таканаречените „црвени знаменца“ во јавните набавки, увид во јавно достапни документи и информации добиени од граѓани.

    Лични документи изработувани по тендер стар 21 година

    Еден од анализираните случаи се однесува на набавката на пасоши, лични карти и возачки дозволи. Според ЦГК, во последните пет години граѓаните платиле 73 милиони евра за издавање лични документи, додека трошокот на МВР за нивна изработка изнесувал 29 милиони евра. Најголеми трошоци имало во 2024 година кога граѓаните платиле 27 милиони евра, а МВР 9 милиони евра.

    Според истражувањето на ЦГК, најголема разлика се јавува кај парите што граѓаните ги платиле за пасоши и трошоците што МВР ги имало. За пасоши, граѓаните платиле дури 60 милиони евра во последните 5 години (2021-2025), односно 82 отсто од вкупните трошоци за лични документи.

    Истражувањето, исто така, потенцира дека јавноста со години нема увид во договорите за набавка на обрасци за пасоши, лични карти и возачки дозволи. Тендерот во 2005 година го добила германската компанија Giesecke+Devrient, со договор вреден 23,5 милиони евра и рок на важност од 11 години, кој истекол во 2016 година. Оттогаш, МВР не ги објавило условите под кои соработката била продолжувана. Дополнително, како што наведува ЦКГ, договорите и нивните анекси се класифицирани како доверливи, а не се објавуваат ниту податоци за бројот на издадени документи.

    „Министерството смета дека изнесувањето на податоците од склучените договори ќе имало последици врз нивното работењето, без да наведе за какви последици станува збор. Како „доверливи“ се заштитени од објавување дури и бројот на лични документи (пасоши, лични карти и возачки дозволи) кои се изготвени во изминатите години. МВР ги открива само вкупните финансиски податоци. Со ваквата тајност на целиот договор и неговите анекси, се ограничува увидот на јавноста во финансиските и во договорните аспекти на оваа набавка“, е наведено во истражувањето на ЦГК.

    Спорни плаќања за евакуациските летови

    Вториот случај се однесува на тендерот на Министерството за надворешни работи за закуп на авиони за евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток во март годинава. Според наодите на ЦГК, летовите од Дубаи и Ријад биле платени однапред во целост, иако Законот за јавни набавки дозволува аванс до 20 проценти од вредноста на договорот.

    ЦГК наведува и дека авансните плаќања не биле обезбедени со банкарска гаранција, ниту биле предвидени во тендерската документација. Дополнително, по поништување на првата постапка во која биле контактирани девет компании, во вториот тендер понуда била побарана само од една фирма, што, според ЦГК, ја ограничило конкуренцијата.

    „Првиот тендер во кој понуди биле побарани од 9 фирми е поништен. Во втората постапка, барањето за доставување понуда било испратено само до една фирма — Авиалог Скопје, за која МНР тврди дека дознала дека е претставник на FlyDubai. Како доказ за поврзаноста меѓу Авиалог и FlyDubai, МНР достави картичка за ангажман во FlyDubai која му припаѓа на физичко лице — основачот на Авиалог, но која не докажува деловна или правна поврзаност меѓу двете компании. Фирмата доставува понуда следниот ден, на 6 март во 14 часот, по што во истиот ден следувале преговори, склучување на договор, издавање на фактура со датуми за првите 2 лета и плаќање на фактурата од страна на МНР“, се вели во истражувањето на ЦГК.

    Од ЦКГ дополнуваат и дека трошоците за евакуација биле целосно на товар на државата, додека во најголем дел од земјите на Европската Унија евакуираните патници партиципирале во трошоците.

    Со 4 лета, од кои три од Дубаи до Скопје и еден од Ријад до Приштина, биле пренесени 590 патници, од нив 521 биле македонски државјани, додека 27 биле странски државјани за кои МНР соработувало со амбасадите на соседните држави (Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Србија и Босна и Херцеговина).

    Како што наведуваат од ЦГК во истражувањето, цената за евакуација по патник од Дубаи изнесувала 1.548 евра, а од Ријад по 1.960 евра, со вклучено ноќевање.

    Реакција на МНР

    Од МНР пак, тврдат дека наводите на Центарот за граѓански комуникации за нерегуларности се неосновани, додавајќи дека во анализата не биле земени предвид воените услови и безбедносните ризици. Од МНР велат дека постапката била спроведена согласно владините одлуки и законските процедури, откако претходно не биле добиени понуди од деветте поканети компании, а како единствена достапна опција се појавила „Флај Дубаи“.  За авансното плаќање, од МНР посочуваат дека било условено од кризата и ги отфрла сомнежите за корупција.

    Оттаму додаваат дека се подготвени за целосна проверка на постапката, а институцијата постапувала во согласност со законите и во интерес на безбедноста на граѓаните.

    На реакцијата од МНР, ЦКГ посочуваат дека во истражувањето јасно било наведено постоењето на вонредни околконсти и дека не се оспорува потребата од евакуација на граѓаните, туку прашањата кои истражувањето ги отвора, се однесуваат на почитувањето на правилата, дури и во состојба на итност.

    Оттаму додаваат дека авансното плаќање не е предвидено во тендерската документација, ниту е во согласност со Законот за јавни набавки.

    Базенот во Чаир бил пријавен како завршен пред да биде готов

    Третиот анализиран случај се однесува на изградбата на затворениот базен во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир, вреден околу 890 илјади евра. ЦГК наведува дека општината во ноември 2025 година пријавила целосна реализација на договорот, иако објектот бил официјално пуштен во употреба дури шест месеци подоцна.

    Според истражувањето на ЦГК, во денот кога базенот бил означен како 100 проценти завршен, надзорот сè уште евидентирал незавршени работи и потреба од приклучување на електрична и водоводна мрежа за финално тестирање. ЦГК посочува и дека рокот за изградба бил продолжуван двапати, наместо да бидат активирани договорните казни предвидени за доцнење.

    „Брзањето договорот да се прикаже како завршен доаѓа во период кога фирмата носител на договорот, Еуровиа од Желино, во меѓувреме преименувана во ЕАКОМ од Тетово, заедно со друга фирма, аплицирала на нов оглас за изградба на уште еден затворен базен во Општина Чаир, овој пат во училиштето 7-ми Марси“, покажало истражувањето.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Во тек се големи апсења во Нови Сад и Краљево за наводни планирања на немири на денот на изборите во Србија

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Јакимовски е нов рекордер на Тренто: Нема да застанеме тука!

    Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го одобрија почетокот на преговорите за укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан

    Свети Климент Охридски – еден од првите „коти“ во историјата на создавањето на македонската нација

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.