Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Пациент од Скопје е десеттата жртва на западнонилската треска
    Македонија

    Пациент од Скопје е десеттата жртва на западнонилската треска

    28/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Уште еден пациент со западнонилска треска почина на Клиниката за инфективни болести, откако 57 дена бил лекуван на Одделот за интензивна нега. Станува збор за 70-годишен пациент од Општина Аеродром, кој покрај инфекцијата имал и повеќе придружни заболувања. Пациентот починал во текот на викендот, и покрај преземените медицински мерки и лекувањето.

    Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, денеска информираше дека во моментов на клиниката се хоспитализирани седум пациенти со западнонилска треска. Двајца од нив се во потешка клиничка состојба и се лекуваат на Одделот за интензивна нега, откако кај нив дошло до влошување на здравствената состојба. Еден од пациентите, пак, бил примен во потешка состојба уште при приемот.

    „Има само еден нов потврден прием од 25 септември. Инаку, вкупно на Клиниката се седум пациенти хоспитализирани, од кои двајца се со потешка клиничка слика. Тие се нови пациенти на кои им се влошила клиничката слика и се префрлени во Одделот за интензивна нега“, изјави д-р Цана.

    Сите пациенти кои во моментов се лекуваат на Клиниката за инфективни болести се возрасни лица и имаат дополнителни придружни заболувања. Последниот примен пациент е од Росоман, додека останатите хоспитализирани пациенти главно се од Скопје.

    Со последниот смртен случај, според податоците што ги презентираше д-р Цана, вкупниот број пациенти кои досега биле хоспитализирани на Клиниката со невроинвазивна форма на западнонилска треска достигна 67. Од нив, 10 пациенти починале, 50 се излекувале, а седум и натаму се на болничко лекување.

    Во однос на смртноста кај потврдените случаи на западнонилска треска во земјата, Цана оцени дека таа не отстапува од податоците што се регистрираат во други земји каде што е присутна инфекцијата. Тој ги посочи Грција, Италија и други земји во кои западнонилската треска е регистрирана како инфекција.

    „Според нашите статистики, сè е во рамки на тоа што го има и низ светот. Значи и во Грција, и во Италија, и во другите земји каде што е потврдена оваа инфекција“, рече д-р Цана.

    Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец, а ризикот од инфекција е присутен во периодот во кој комарците се активни. Кај дел од заразените лица инфекцијата може да помине без симптоми или со поблага клиничка слика, но кај одредени пациенти може да се развие невроинвазивна форма на заболувањето, која може да доведе до сериозни компликации.

    Токму поради можноста за заразување, д-р Цана апелираше граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита што ги објавуваат Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје.

    „Секогаш треба да сме претпазливи, да се придржуваме на сите тие мерки што ги дава Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје“, истакна тој, додавајќи дека инфекциите постојано се присутни во природата и дека постои можност за заразување.

    Препораките за заштита од западнонилската треска вообичаено вклучуваат намалување на изложеноста на комарци, особено во периодите кога тие се најактивни, користење средства за заштита од комарци и преземање мерки за спречување на нивното размножување во близина на домовите.

    Поврзани вести

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Јавна расправа за предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

    Унгарија покренува истрага за контроверзниот заем од една милијарда евра за Македонија

    „Бомба“ од Грција: Рафа Бенитез на клупата на Панатинаикос

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.