Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Драматична акција за спасување на десетици луѓе во Сава, заглавиле во мочурлив дел
    Регион

    Драматична акција за спасување на десетици луѓе во Сава, заглавиле во мочурлив дел

    01/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Полициската управа вуковарско-сремска утрово, на 1 април 2026 година, во 01:42 часот примила телефонска пријава дека во реката Сава, меѓу Штитар и Бабина Греда, се наоѓаат повеќе лица. Поради пронаоѓање и спасување на лицата, итно на местото на настанот биле упатени полициски патроли, полициско пловило и дронови, а веднаш биле ангажирани и Цивилната заштита, ХГСС, ЈВП Жупања, како и Итната медицинска помош, пренесува Српскиот Н1.

    Во Општата жупаниска болница во Винковци биле примени четворица мигранти спасени од реката Сава кај Бабина Греда, додека дел од нив биле примени и во болниците во Вуковар и Славонски Брод, потврдил директорот на винковачката болница Крунослав Шпорчиќ.

    Тој изјавил дека станува збор за по двајца државјани на Бангладеш и Индија.

    „Ги згриживме во состојба на потхладеност и ќе им биде укажана сета потребна помош“, изјавил Шпорчиќ, додавајќи дека одреден број лица се згрижени и во болниците во Вуковар и Славонски Брод.

    Хрватската горска служба за спасување (ХГСС) соопшти дека утрово повеќе десетици лица биле спасени од поплавено и тешко пристапно подрачје покрај реката Сава кај Бабина Греда.

    „На подрачјето на Бабина Греда од ноќеска трае сложена спасувачка акција на тешко пристапен терен покрај Сава. Во акцијата учествуваат припадници на ХГСС од станицата Винковци, полицијата, цивилната заштита, пожарникарите, итната медицинска служба и Црвениот крст“, соопшти на својата Фејсбук страница Хрватската горска служба за спасување (ХГСС).

    Тие наведуваат дека со заедничко дејствување на сите вклучени итни служби биле евакуирани повеќе десетици лица.

    Вуковарско-сремската полиција претходно соопшти дека во 1:42 часот примила телефонска пријава според која во реката Сава меѓу Штитар и Бабина Греда се наоѓаат повеќе лица, по што за нивно пронаоѓање и спасување итно на местото биле упатени полициски патроли, полициско пловило и дронови.

    Во спасувачката акција биле ангажирани и Цивилната заштита, ХГСС, ЈВП Жупања, како и Итната медицинска помош.

    Пленковиќ за трагедијата

    „Нема потврда дека некој починал, но со оглед на условите, засега немаме службени потврди. Сите луѓе што се извлечени од реката се добро и за нив се води грижа“, изјавил премиерот Андреј Пленковиќ во воведното обраќање на седницата на Владата.

    Пожарникари учествувале во спасувањето на 30 мигранти

    Според информациите на Полициската управа вуковарско-сремска, на 1 април во 1:42 часот бил примен повик за потреба од спасување на повеќе лица од водата во реката Сава меѓу Штитар и Бабина Греда.

    На терен веднаш биле упатени пожарникарите од ЈВП Жупања, а дополнително биле подигнати и силите од ЈВП Винковци и ЈВП Вуковар, како и припадници на други служби.

    „По пристигнувањето на локацијата утврдивме дека лицата се наоѓаат меѓу насипот и реката Сава, во поплавена шумичка. Се опремивме со суви одела и заедно со интервентната полиција првата група од ЈВП Жупања стигна до лицата, кои буквално седеа на гранките од дрвјата, бидејќи подрачјето е под вода. Досега се извлечени 30 лица. Засега немаме информации за починати лица“, изјавил командирот на ЈВП Жупања, Владимир Балентовиќ, истакнувајќи дека пожарникарите и натаму го пребаруваат теренот со помош на дронови.

    „Во интервенцијата учествуваат 5 пожарникари од ЈВП Жупања, 4 пожарникари од ЈВП Вуковар и 4 пожарникари од ЈВП Винковци. Ангажирани се 5 возила, 2 противпожарни чамци и еден дрон со термална камера“, изјавил командирот на ВЗЖ Вуковарско-сремска, Крешимир Јелиќ, додавајќи дека пожарникарите ќе останат на терен до официјалното завршување на интервенцијата.

    Поврзани вести

    Милатовиќ: Иднината на Црна Гора и на целиот Балкан е во Европската Унија

    24/09/2026

    Од 62 единки до успешна обнова: Што може Балканот да научи од спасувањето на иберискиот рис

    23/09/2026

    Србија го протера и му забрани влез на италијанскиот истражувач Масимо Морати поради „безбедносен ризик“

    18/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државава

    Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин

    Примирје помеѓу Русија и Украина за да се одбележи Денот на победата, 9 Мај

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.