Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Собрание – избор на Зејнула за министер без ресор и расправа за предлог-измените на Законот за студентскиот стандард
    Политика

    Собрание – избор на Зејнула за министер без ресор и расправа за предлог-измените на Законот за студентскиот стандард

    24/07/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Пратеничката група на ДУИ поднесе за шест амандмани на Законот за студентскиот стандард. Амандманите се и на дневен ред на денешната седница на Законодавно-правната комисија.

    Собраниската комисија за образование, наука и спорт на седницата на 16 јули заклучи дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, е прифатлив и го проследува на натамошно читање. Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска.

    Со законските измени меѓу другото право на сместување во државен студентски дом ќе имаат студенти кои не навршиле 30 години на денот на поднесување на барањето, се воведува забрана за користење на услугите на државните студентски домови во времетраење од 1 до 5 години за потешки прекршоци, а санкции се предвидени за пушење во собите, консумирање алкохол и недозволени супстанци, оштетување на инвентарот, како и за агресивно, насилничко или навредливо однесување кон студентите и вработените.

    Пратеничката Христова на седницата на 16 јули рече дека со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард се дополнува условот за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови, така што се дефинира старосната граница за прием во студентски дом и се доуредува постапката за изрекување воспитни мерки за студентите доколку не се придржуваат до куќниот ред на домот.

    Измените се однесуваат на член 24 став 1, каде што по зборот „живеење“, се става запирка и се додаваат зборовите: „а кои не навршиле 30 години на денот на поднесување на барањето за прием во државен студентски дом“. Со овој член се прецизира старосната граница за прием во студентски дом со цел да не се прават злоупотреби и во домовите да се сместуваат оние на кои навистина им е потребна ваква поддршка. Се менува и членот 27, кој се однесува на придржување на куќниот ред во студентските домови, така што на оние студенти што не се придржуваат може да им се изрече воспитна мерка, писмена опомена, опомена пред отстранување и забрана за користење на услугите во студентските домови на целата територија на Република Македонија и забраната може да биде од една до пет години.

    Целта на измените на законот се обезбедување поголема правна сигурност, заштита, безбедност во домовите и условите за престој.

    Зулфикар Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците, а ВМРО-ДПМНЕ неодамна со партијата потпиша коалициски договор. Неговото назначување беше најавено уште на 10 јули, кога Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ потпиша коалициски договор со Зејнула. Демократската партија на Турците во Собранието е застапена со еден пратеник, Бејџан Иљас.

    Во периодот 2021 – 2024 Зејнула беше заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување, во периодот од 2018 до 2021 бил советник во Општина Гостивар, а во периодот од 2017 до 2021 работел во Правниот сектор на Демократската партија на Турците на Македонија. Исто така, бил вработен и во компанијата „Хабиб транс“ ДОО.

    Во текот на својот ангажман во локалната самоуправа бил член на Комисијата за прашања на верификација, избори и именувања, Комисијата за планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина, како и Комисијата за правни и нормативни работи при Советот на Општина Гостивар.

    Зејнула бил и член на Комисијата на Групата за процена на ризици и опасности во Скопје, како и член на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

    За својата работа е добитник на државно одликување за исклучителна пожртвуваност, доделено од Република Турција.

    Зејнула е дипломиран криминалист, со завршено високо образование на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола. Поседува сертификати за англиски јазик и компјутерски вештини, а покрај мајчиниот турски јазик, говори македонски, албански, германски и српски јазик.
    Изборот доаѓа по реконстуркцијата на Владата, која беше направена на собраниска седница на 13 јули.

    Собранието денеска ќе одржи уште една седницата, 100-та, на чиј дневен ред се Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2025 година, Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, Посебен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Македонија, Посебен извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторни избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа – 2026 година.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Во македонскиот КИЦ во Загреб отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност

    Промоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски

    ДЗР: Неправилности во исплати, јавни набавки и прекувремена работа во Академијата за судии и јавни обвинители

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.