Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење
    Македонија

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на повисоките делови од државата, додека во пониските предели тие се со послаб интензитет, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места особено долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Во Скопје, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а попладне врнежите ќе престанат. Температурите ќе се движат од минус пет до пет Целзиусови степени.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    Од таму потсетуваат дека од 15 ноември започнa законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба која ќе трае до 15 март.

    Од вчера забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража, на магистралниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир и Ресен – Охрид, преку превојот Буково, за кој утрово е симната забраната за тешки товарни возила. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Плетвар, на патниот правец Гостивар – Кичево, на кракот Маврово – Дебар, на патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, како и на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка.

    Поврзани вести

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје

    27/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    Само три од стоте најдобри стрипови на 21-от век се преведени на македонски јазик

    Најубавата жена на светот го прослави својот 62-ри роденден: „Не можеш да се бориш против стареењето“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.