Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    15/10/2026

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ДЗР: Во Министерството за односи меѓу заедниците се земало плата, а не се одело на работа, се точело гориво во свои возила, а исчезнале и 30 државни лаптопи
    Македонија

    ДЗР: Во Министерството за односи меѓу заедниците се земало плата, а не се одело на работа, се точело гориво во свои возила, а исчезнале и 30 државни лаптопи

    04/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Државниот завод за ревизија открил дека во Министерството за односи меѓу заедниците биле исплатувани плати на вработени без да се знае дали воопшто доаѓале на работа, вработените точеле гориво во свои возила, а недостасуваат и 30 лаптопи.

    Ревизорите утврдија дека во 2024 година недостасувале 28 отсто од вкупните основни средства со вредност од над 25.000 евра, кои не се пронајдени при вршењето на годишниот попис. За седум моторни возила не е воспоставена сметководствена и материјална евиденција, додека пак за побарувањата од вработените во износ 34.000 евра кои потекнуваат од минати години, Министерството не располага со документација за неподмирениот износ, односно кое лице должи и во кој износ.

    Ревизијата утврдила дека во министерството има слабости во речиси секој сегмент од работењето, особено во финансиското управување, исплата на платите, јавните набавки, пописот на средствата, реализација на Програмата за финансирање на активностите на здруженијата и фондациите за 2023 година, набавката на гориво, сервисирањето на возила. ДЗР дал и неповолно мислење во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

    Министерството за плати и надоместоци за 244 вработени исплатило над 2,6 милиони евра, но за 150 вработени по Потпрограмата за соодветна и правична застапеност на заедниците и како преведувачи, или за 61% од вработените, исплатата на плата се правела без да се обезбеди доказ за присутност на работа и за полно работно време, и покрај тоа што имало електронска евиденција на работното време за вработените.

    Институцијата државни пари доделила и на 33 здруженија и фондации исплатени  во висина од 320.900 евра, но ревизијата утврдила дека 17, треба да вратат средства во Буџетот на државата во висина од 19.850 евра, бидејќи не доставиле докази за трошење на средствата.

    Раевизорите урврдиле и дека 516.000 денари биле исплатени за гориво без да се врши контрола на
    регистарските таблици и видот на набавеното гориво, со што вработените си овозможиле да набавуваат гориво и за возила кои не се во сопственост на Министерството.

    Поврзани вести

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026

    Жешките точки остануваат во законот за животна средина, пратениците не ги прифатија амандманите од екологистите

    14/10/2026

    Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    15/10/2026

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сиљановска-Давкова: Новата 2026 да биде исчекор кон мир, правда и европска иднина

    Шкендија својот 62 европски меч, ќе го одигра во лигашката фаза во Лигата на Конференции!

    У-16: Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Летонија!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.