Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Премиерот Мицкоски на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват
    Македонија

    Премиерот Мицкоски на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват

    05/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На самитот лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија.

    По завршувањето на самитот во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- конференција.

    Вчера во Тиват Мицкоски веќе ја имаше првата билатерална средба со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина.
    „Разменивме мислења за актуелните состојби во регионот, како и регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Ваквите средби се добра можност за зајакнување на меѓусебното разбирање и продлабочување на соработката меѓу нашите држави“, напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.

    На самитот му претходеше турнејата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на земјите од Западен Балкан, во рамки на која се сретна со лидерите од регионот, а денеска ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

    Кошта на 2 јуни беше во посета на Скопје, каде се сретна со Мицкоски, а потоа одржаа и заедничка прес-конференција на која премиерот посочи дека македонската позиција е јасна – „остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани“.

    „Во изминатиот период работиме посветено на реформската агенда, на јакнење на институциите, на стабилизирање на економијата, на привлекување на инвестиции, на подобрување на јавните услуги и на создавање на систем што ќе биде поефикасен, поправеден и поблиску до граѓаните“, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Скопје.

    Премиерот потенцира дека Европа била најсилна тогаш кога покажувала визија, политичка храброст и доследност кон сопствените вредности. Кога била простор на можности, правда и предвидливост.

    „Разговаравме и за економската интеграција, инфраструктурното поврзување, енергетската сигурност, инвестициите, конкурентноста и за отворање нови перспективи за младите генерации. Затоа што европската интеграција не е апстрактна политичка тема. Таа за граѓаните значи поквалитетно образование, подобро здравство, ефикасни институции, сигурни работни места, повисок животен стандард и чувство дека иднината може да се гради дома, а не надвор“, истакна Мицкоски на прес-конференцијата и на Кошта му рече дека верува во партнерски дијалог, во искрен разговор, меѓусебна почит и заемно разбирање.

    „Но, верувам и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да се пречка за европската перспектива-тие се нејзин составен дел“, рече Мицкоски.

    Кошта, пак повтори дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ.

    „Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во Европската унија за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците. Таа останува најголемиот инвеститор и најважен трговcки партнер. Остануваме да ве поддржиме и политички и финансиски, но на крајот моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце“, изјави Кошта.

    Според него, единствениот начин да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите, преку преземање прагматични чекори за градење доверба и спроведување на неопходните реформи. – Она што било договорено во 2022 година треба да се испорача и ништо повеќе од тоа – рече тој додавајќи дека треба да се отворат и затворат кластерите чекор по чекор и дека тоа е процес кој се заснова на заслуги.

    Во рамки на европската турнеја Кошта ги посети и Сараево, Тирана, Приштина, Белград, а ја заокружи со посета во Црна Гора, а денеска ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан. Главната тема на овој самит е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Влен е спремна за предвремени избори, но не по секоја цена

    (Фото) Листата е направена: овие убавици ја носат титулата „Жена на годината“

    Српскиот премиер Мацут пречекан во Охрид од Мицкоски, Николоски и Муцунски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.