Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Џенифер Лопез за болниот развод од Афлек: „Разочарување на секое ниво“

    18/11/2026

    Ѕвездите им ги полнат паричниците: Четири знаци можат да очекуваат добри вести до крајот на ноември

    18/11/2026

    Десет деца повредени при пад од подвижни скали во трговски центар во Белград, седум со тешки повреди

    17/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Опозицискиот пратеник Вучиќ зборуваше речиси еден и пол час, Бакиќ само една реченица
    Регион

    Опозицискиот пратеник Вучиќ зборуваше речиси еден и пол час, Бакиќ само една реченица

    17/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Новиот состав на Народното собрание на Србија денеска беше конституиран, по изборите одржани на 25 октомври. Седницата ја одбележаа остри меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од власта и опозицијата, а беше регистриран и инцидент во кој со јогурт била гаѓана пратеничката на Српската напредна партија (СНС) и актерка Лидија Вукиќевиќ.

    Прв говорник од опозициските редови беше Александар Вучиќ, кој настапи во својство на шеф на пратеничката група „Србија победува“. Шеф на пратеничката група на опозициската листа СЛ е Јово Баќиќ.

    За претседател на Собранието, СЛ го предложи Александар Чупиќ, додека „Србија победува“ го предложи Стојан Раденовиќ.

    Во текот на седницата, пратениците од двете политички групи разменија обвинувања за инцидентот со Вукиќевиќ. Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ ја обвини опозицијата дека нејзините поддржувачи ја влечеле и кубеле пратеничката, а потоа ја полеале со јогурт и го снимале настанот.

    „Вие ги повикавте вашите поддржувачи да дојдат на скалите, да направат шпалир. Ја влечеа и кубеа Лидија Вукиќевиќ, ја полеаја со јогурт, а потоа сето тоа го снимаа и сеирџиски го набљудуваа“, рече Брнабиќ, оценувајќи дека со тоа било повредено достоинството на Собранието.

    Пратеникот на СЛ, Жељко Хубач, реагираше на обвинувањата и рече дека неговата политичка група отсекогаш била против насилство и дека она што ѝ се случило на Вукиќевиќ не е во согласност со вредностите на СЛ.

    Од друга страна, Раденовиќ го критикуваше СЛ дека морало итно да издаде соопштение за инцидентот, посочувајќи дека не бил осуден ниту упадот во телевизијата „Информер“.

    Расправа имаше и околу предлогот Александар Чупиќ да биде избран за претседател на Собранието. Пратеникот Југослав Гашиќ го образложуваше предлогот, оценувајќи дека Чупиќ е подобар кандидат од Раденовиќ. Тој го опиша како професор и научник посветен на потрагата по вистината, но и како човек кој ги отелотворува вредностите на српскиот домаќин.

    На неговото образложение реагираше Александар Вучиќ, кој рече дека не е секој што има брада Никола Пашиќ. Тој го критикуваше и начинот на кој опозицијата ја води расправата, коментирајќи дека нејзините пратеници се претставуваат како елита, додека граѓаните на пазарите и автобуските станици не можат да ги разберат.

    Во текот на седницата имаше и повеќе барања за утврдување повреда на собранискиот Деловник. Пратеникот Миленко Јованов од СНС оцени дека опозицијата има креативно толкување на Деловникот, објаснувајќи дека за неговата повреда се гласа со прозивка на денот предвиден за гласање, односно откако ќе биде избран претседателот на Собранието.

    Седницата продолжи со реплики и меѓусебни обвинувања меѓу пратениците од власта и опозицијата.

    Поврзани вести

    Десет деца повредени при пад од подвижни скали во трговски центар во Белград, седум со тешки повреди

    17/11/2026

    Србија денеска на конститутивната седница ќе ги одбере претседателот и потпретседателите на Парламентот

    17/11/2026

    Н1: Српската тајна служба вршела надзор над студенти, новинари, активисти?

    12/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Џенифер Лопез за болниот развод од Афлек: „Разочарување на секое ниво“

    18/11/2026

    Ѕвездите им ги полнат паричниците: Четири знаци можат да очекуваат добри вести до крајот на ноември

    18/11/2026

    Десет деца повредени при пад од подвижни скали во трговски центар во Белград, седум со тешки повреди

    17/11/2026

    Опозицискиот пратеник Вучиќ зборуваше речиси еден и пол час, Бакиќ само една реченица

    17/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Почна Школата за млади лидери на Ѓорге Иванов

    Браќата Дарден, македонска копродукција и концерти вечерва на „Синедејс“

    Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.