Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет модни трендови за постудените денови: Стилист на славните открива што ќе носиме – а што ќе исфрлиме од употреба

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»194-та владина седница: Македонски војници во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
    Македонија

    194-та владина седница: Македонски војници во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово

    25/10/20233 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.

    Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од 35 лица. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово.

    За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година.

    Со оваа измена на Одлуката, вкупниот број со кој ќе учествуваме во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на Република Северна Македонија.

    Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница го разгледа и усвои Предлогот за поведување на постапка за водење преговори на Договорот за пристап до студии и прием во високо образование во Западен Балкан и Нацрт текстот на Договорот за пристап до студии и прием во високо образование во Западен Балкан кој ќе биде основа за водење на преговорите во рамки на Берлинскиот процес. Иницијативата за склучување на овој Договор произлегува од Берлинскиот процес како резултат на инклузивната континуирана соработка помеѓу шесте земји на Западен Балкан, односно помеѓу Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

    Целта на преговорите е да се склучи Договор кој ќе се применува во сите шест земји на Западен Балкан, а со кој, меѓу другото, се предвидува и постапката за признавање на дипломите за завршено средно образование во насока на овозможување пристап до високото образование во Западен Балкан.

    Владата, на вчерашната седница донесе Одлука со која Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје.

    Со оваа одлука се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност, како и вршење здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изградување и спроведување на стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажување стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветната гранка на медицината.

    Со оваа одлука, ќе се добие побрзо и поефикасно дијагностицирање, третман и лекување на пациентите и ќе се намали притисокот кон други установи со што ќе се обезбеди подостапна и поквалитетна здравствена заштита за пациентите.

    Влада Косово

    Поврзани вести

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет модни трендови за постудените денови: Стилист на славните открива што ќе носиме – а што ќе исфрлиме од употреба

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ХЕРА: Сите жени да добијат еднаков пристап до безбеден абортус

    Нов протест против загадениот воздух: Усје доби жолт картон од граѓаните

    Шестмина судии добија забрана за вршење на должност, Баскет Кам казнет со 30.000 денари!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.