Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа ја знае вистинската комбинација за да привлече погледи

    21/09/2026

    Средба Мицкоски-Рубио: Силните партнерства со стратешките сојузници имаат особено значење

    21/09/2026

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    21/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Забава»Не смее да биде Шкорпија, пожелно да умее да вози хеликоптер: Милионер (79) нуди богатство за млада сопруга
    Забава

    Не смее да биде Шкорпија, пожелно да умее да вози хеликоптер: Милионер (79) нуди богатство за млада сопруга

    27/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Ексцентричниот британски аристократ Сер Бенџамин Слејд (79) повторно е во центарот на вниманието на светските шоу-биз медиуми со својот необичен и прилично ригорозен оглас. Тој веќе подолго време е во потрага по значително помлада сопруга која би му родила машко дете за да го наследи неговиот огромен имот во Самерсет, вреден милиони.

    Седмиот баронет од Самерсет, кој е роден во 1945 година, зад себе има еден пропаднат брак за кој тврди дека завршил бидејќи неговата поранешна сопруга чувала дури 17 мачки. Откако во 2017 година ја прекинал врската со тогашната партнерка бидејќи не можела да има деца, Слејд состави список со критериуми кои идната „среќничка“ мора да ги исполни.

    Слејд инсистира идната сопруга да биде најмалку 20 години помлада од него, првенствено од финансиски причини – за да може легално да го пренесе имотот без плаќање на огромниот британски данокот на наследство.

    Покрај возраста, неговиот список содржи бизарни и специфични услови:

    Вештини: Кандидатката мора да има возачка дозвола (пожелно е и за управување со хеликоптер), добро да танцува класични танци и да знае да пука со сачмарка.

    Астрологија и потекло: Никако не смее да биде Шкорпија во хороскоп. Идеално е да доаѓа од угледно семејство со сопствен семеен грб.

    Строги забрани: Идната сопруга не смее да конзумира алкохол и дрога, но и забрането ѝ е да го чита левичарскиот весник Гардијан. Исто така, не смее да биде повисока од 165 сантиметри.

    Географски исклучоци: Кандидатката не смее да доаѓа од земји чие име почнува на буквата „И“ или кои имаат зелена боја на знамето (со исклучок на Италија и северна Индија). Исклучени се и Шкотланѓанки, лезбејки и комунистки.

    „Она што ми треба е убава, обична селска девојка која ги разбира работите. Јас сум друштвен, многу излегувам и ми треба некој што ќе се вклопи“, изјавува милионерот.

    Свесен дека неговите критериуми се речиси невозможни, Слејд нуди „компензација“. Тој е подготвен на сопругата да ѝ плаќа годишна плата од околу 58.000 евра само за управување со неговиот имот од 1.300 хектари. Покрај тоа, на идната избраничка ѝ ветува бонуси, луксузен автомобил, покривање на сите животни трошоци и егзотични патувања.

    Иако милионерот веќе има возрасна ќерка (Вајлет) со американска поетеса, тој признава дека никогаш не ја запознал и по секоја цена инсистира на машки наследник кој ќе ја продолжи неговата лоза. Огласот и понатаму е отворен, а светот со љубопитност чека дали некоја девојка конечно ќе ги исполни сите полиња на овој аристократски список.

    Поврзани вести

    (Фото/Видео) Таа ја знае вистинската комбинација за да привлече погледи

    21/09/2026

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    21/09/2026

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа ја знае вистинската комбинација за да привлече погледи

    21/09/2026

    Средба Мицкоски-Рубио: Силните партнерства со стратешките сојузници имаат особено значење

    21/09/2026

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    21/09/2026

    Грчка пратеничка бара истрага за наводни онлајн повици за вооружување на Македонците во Леринско

    20/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Тетово пред уште една урбана битка, Касами ја остави отворена можноста за продажба на општинските парцели

    „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.