Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за два денари за литар, а на дизелот за 3,5 денари, одлучи Регулаторнaта комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од ноќеска на полноќ, цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 82, а на Еуросупер БС-98 84 денари за литар. Цената на дизелот ќе падне на 88,5 денари.
Регулаторната комисија одлучи да се намали и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар, и да се продава за 98 денари. Се намали и цената на мазутот за 0,204 денари за килограм, и ќе чини 48,110 денари.

