Автор: Редакција
Декември носи изобилство и успех за три хороскопски знаци, кои, според астрологот Елизабет Бробек, влегуваат во нивниот победнички период кој ќе трае до крајот на 2025 година. Бробек објасни дека трите хороскопски знаци ќе бидат благословени како никогаш досега овој месец – од подобри меѓучовечки односи до нови можности за кариера. Ако припаѓате на еден од овие хороскопски знаци, декември е месецот во кој сè ќе ви оди добро, пишува YourTango. Рак Ракови, ѕвездите ви се насмевнуваат. „Ова ќе биде многу среќен месец за вас“, рече Бробек. Во текот на декември 2025 година, ќе се чувствувате како победник во сите…
Градот Скопје ќе исплати субвенции за инвертер клима уреди купени во 2025 година. На сите граѓани кои аплицирале на јавниот повик кој беше распишан во јуни годинава, Градот Скопје ќе им ги надомести трошоците за набавка на уредот во износ до 20.000 денари по домаќинство, а данокот на личен доход целосно ќе го покрие Градот. „Со оваа мерка ги поддржуваме домаќинствата што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди во 2025 година, кои ќе носат пониски трошоци, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Со инвестирање во клима уреди, правиме чекор напред кон почиста и поздрава…
На министерскиот совет, со кој ќе претседава еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе учествуваат и министри за транспорт и владини претставници од повеќе европски земји, меѓу кои и од Албанија, Бугарија, Грција, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора.Според најавите, Николоски на министерскиот совет ќе говори за македонските транспортни политики, напредокот и реализација на проектите за европските транспортни коридори 8 и 10, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западниот Балкан.Во пресрет на состанокот, Николоски најави средби со министрите од Грција и Бугарија, на кои…
Ирска, Шпанија, Холандија и Словенија ќе го бојкотираат изборот на песна на Евровизија идната година, откако на Израел му беше дозволено да се натпреварува. Тие беа меѓу голем број земји кои побараа Израел да биде исклучен поради војната во Газа, како и обвинувањата за нефер практики на гласање. Шпанската радиодифузна компанија RTVE ги предводеше повиците за тајно гласање по ова прашање на состанок во Женева, а организаторите го одбиле барањето. Ирската RTÉ изјави дека смета дека нејзиното учество останува неизвесно со оглед на ужасната загуба на животи во Газа и хуманитарната криза таму, која продолжува да ги става во опасност животите на…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи самит со премиерот Нарендра Моди во Њу Делхи, со цел да се зголеми трговијата со најголемиот купувач на руско оружје и нафта, бидејќи западните санкции ги стеснуваат нивните децениски врски. Путин е во прва посета на Индија по четири години, во време кога Њу Делхи е во преговори со САД за трговски договор за намалување на казнените царини што ги наметна претседателот Доналд Трамп на нејзините стоки поради купувањата на руска нафта од Индија. Москва е најголемиот снабдувач на оружје на Индија со децении и изјави дека сака да увезува повеќе индиски стоки…
„Некој рече дека сме фрустрирани. Мислам дека веќе не сме фрустрирани, некако се навикнавме, како да е сето тоа нормално. Секако, ироничен сум, се обидувам да покажам со една реченица што се случува“, рече Николоски.Тој истакна дека во изминативе децении направивме голема жртва за пристапниот процес, но сега клучните играчи во ЕУ треба да бидат фер и да испратат искрена порака дали регионот и земјата ќе се приклучат кон ЕУ.„Прво, името го променивме двапати – прво беше за меѓународна употреба: Поранешна југословенска Република Македонија, потоа моравме да го промениме името за целиот свет, како и за внатре, во земјата, во…
На Клиниката за онкологија во Скопјe не се изработуваат анализи на тумор маркери, пропаднал тендерот
На Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопјe во моментов не се врши испитување на тумор маркери, затоа што е откажана јавната набавка, а пациентите ова испитување мора да го направат во други јавни лаборатории, пишува Порталб.мк. Пациентка која веќе неколку години е пациентка на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопјe вчера била на редовен преглед на Клиниката. Таа за Порталб.мк изјави дека докторот ѝ рекол дека не можат да испитаат тумор маркери бидејќи немале материјал. „Оваа анализа сум ја правела тука секој пат кога доаѓав на преглед, докторот ми рече дека бидејќи нема материјал за оваа испитување, тоа…
Со вечерашниот репертоар започнува официјалната натпреварувачка програма на 24 CINEDAYS. Во двете селекции, Официјална конкуренција и СЕЕ се натпреваруваат европски филмови и копродукции кои ја претставуваат флуидноста и непосредноста на можни соработки меѓу филмските работници.Филмот ЕРА, во режија на Парта Келменди е првата македонска копродукција која ја гледаме на овогодинешниот фестивал, а е селектиран во СЕЕ програма.„За мене, копродукцијата на филмот ЕРА беше истовремено големо задоволство и значаен предизвик, бидејќи филмот навлегува во чувствителен историски период кој бара искрено, прецизно и автентично раскажување. Рекреирањето на деведесеттите во денешна Приштина беше комплексна задача, но под водство на режисерката и сценаристка Парта…
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, немаше многу причини за славење по ремито 1-1 со Сандерленд. Тој беше задоволен што неговиот тим не прими многу шанси пред сопствениот гол, но беше и незадоволен што не создадоа многу опасности за постигнување голови.„Натпреварот беше малку сличен на оној од викендот – натпревар каде што не примивме многу шанси, но ниту создадовме многу. Денес, се разбира, немавме среќа со примениот гол. Се обидовме со сè за да го постигнеме победничкиот гол, но на крајот имавме и среќа бидејќи излегоа сами против Алисон“, започна Слот.Тој, исто така, коментираше за клучното чистење на Федерико Киеза од…
Најголемата брзина која ја регистрирал системот „Безбеден град“ е 231 километри на час, со кои автомобил летал на скопската обиколница, открија во Топ Тема на Телма Маја Арсовска-Манов, началник на Секторот за сообраќајни работи во МВР и Владимир Велковски, државен советник во кабинетот на министерот Тошковски. Прекршокот е регистриран на 1 декември, првиот ден откако стартува пробниот период на работа на системот. Тој ден, како што информираше Министерството за внатрешни работи беа регистрирани над 65.000 прекршоци за 12 часа, а вкупно 110.000 прекршоци за 24 часа. Следниот ден бројот се преполовил на 50.652 прекршоци. Сепак, како што информираат од МВР,…
