Автор: Редакција
Минатата година, легендарната Моника Селеш откри дека се справува со ретка автоимуна болест – мијастенија гравис. Таа им посочи на странските медиуми дека ѝ требало долго време да си признае дека е болна. „Играв со моите деца или членови на семејството и ја промашував топката. Мислев дека видов две топки. Ова се, очигледно, симптоми што не можете да ги игнорирате. И оттаму започна ова патување за мене. Ми требаше долго време да го прифатам тоа, да зборувам отворено за тоа, бидејќи е тешка работа. Многу влијае на мојот секојдневен живот“, изјави деветкратната шампионка на Гренд слем во интервју објавено од…
Нотингем Форест синоќа објави дека го отпуштил главниот тренер Шон Дајч. Клубот не победи на ниту еден натпревар во последните три дуели од Премиер лигата, а капка на се беше ремито со Вулверхемптон синоќа, 0:0.Дајч беше на чело на тимот од октомври 2025 година и го предводеше тимот на „шумарите“ на вкупно 25 натпревари (10 победи, 5 нерешени и 10 порази).Нотингем го отпушти својот трет менаџер оваа сезона, по Нуно Еспирито Санто, а потоа и Анже Постекоглу.Тимот моментално е на 17-то место на табелата во Премиер лигата, со освоени 27 бода во 26 натпревари.
Украина ќе одржи избори само откако ќе има безбедносни гаранции и прекин на огнот со Русија, изјави Володимир Зеленски, отфрлајќи ги сугестиите дека планира да организира гласање под притисок на САД. „Ќе преминеме на избори кога ќе бидат воспоставени сите потребни безбедносни гаранции“, изјави украинскиот претседател пред новинарите. „Реков дека е многу едноставно да се направи: да се воспостави прекин на огнот и ќе има избори“. Тој исто така рече дека ако Русија се согласи, можеби е можно да се запре непријателството до лето. Изборите во Украина се ефикасно суспендирани откако Русија изврши инвазија во 2022 година поради воена состојба.…
Познатата актерка, Хали Бери (59), „прошета“ за прв пат со својот веренички прстен, за кој се вели дека чинел околу 200.000 долари. Нејзиниот партнер Ван Хант ѝ предложи брак, а ова ќе биде четврти брак на Хејл. View this post on Instagram A post shared by Just Jared (@justjared) По добрата вест, познатата актерка се појави на премиерата на новиот филм „Злосторство 101“. Како и обично, таа беше совршено стилизирана, а овој пат не избра провокативни фустани. За споменатиот настан, таа позираше во црн тесен комплет во комбинација со свилена блуза. View this post on Instagram A post shared by…
Новиот парламент на Косово брзо ја одобри новата влада предводена од премиерот Албин Курти, со што се стави крај на едногодишната политичка блокада во земјата. Пратениците го поддржаа кабинетот на Курти со 66 гласови „за“ и 49 „против“ во собранието од 120 члена. Гласањето се одржа само неколку часа откако Парламентот се состана за прв пат по предвремените избори во декември. Курти обезбеди нов мандат откако неговата партија Самоопределување освои 57 места во Парламентот во декември. Партијата формираше сојуз со неколку етнички малцински групи. Во својот говор пред Парламентот, Курти вети дека ќе се бори против корупцијата и ќе инвестира во…
„Наскоро ќе го промовираме нашиот нов договор за односите меѓу двата етникума што живеат во Македонија. Главниот столб на нашата следна кауза ќе биде децентрализацијата – фискална конфедерација или федерација, не територијална“, изјави Таравари.
„Претседателката укажа на важноста на досега реализираните програми на Обединетите Нации во функција на градење институционални капацитети, унапредување на владеењето на правото и дефинирање на квалитетни јавни политики. Според претседателката, тие се во корелација со напорите за европеизација на македонското општество и исполнување на стратешката цел – интеграција во Европската Унија“, информира кабинетот на претседателката.Соговорничките размениле мислења по однос на иницијативата ОН80, чија цел е поттикнување реформа и модернизација на организацијата заради поголема, ефикасност и релевантност во справувањето со глобалните предизвици.Тие го анализирале нејзиното значење за преиспитувањето на улогата на Обединетите Нации и справувањето со безбедносните, климатски, економските и технолошките…
WhatsApp почнува да воведува гласовни и видео повици директно на веб-верзијата, без потреба од посебна десктоп апликација. Новата функција моментално е достапна за избрана група бета корисници, а пошироко воведување се очекува во наредните недели.
Во просториите на „Лабораториум“ на 18 февруари (среда), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на стрипот „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ од авторите Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ, во издание на Фликер Студио. Настанот е во организација на Lom Лом и е отворен за јавноста. Станува збор за стрип од жанрот на епска фантастика во кој главни улоги играат за волшебникот Лом и неговите авантури во паралелен универзум во кој магијата функционира. „Лом: Бунарот на бесконечната јанѕа“ комбинира елементи на фантазија со егзистенцијална паника и нежна иронија, во приказна во која судбината не прифаќа туѓи мислења. Се…
Реакции во јавноста предизвика вчерашната изјава на министерката за образование Весна Јаневска, во емисијата „Директно“ на Телма, каде се дискутираше новиот предлог закон за високо образование. Министерката изјави дека треба да се затворат студиски програми каде се запишани мал број на студенти, при што како пример беше посочена студиската програма Меѓународни и интеркултурни студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Јаневска погрешно нарекувајќи ја програмата „Почитички мултикултурни студии“, кажа дека „постојат бројни такви студии на сите јавни универзитети кои постојано објавуваат некакви студиски програми, а им се запишуваат 3 или 5 студенти, што е неиздржливо“. Кажа и дека има плејада на…
