Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ЗНМ и АВМУ: Навредите кон новинари од политички партии се неприфатливи
    Македонија

    ЗНМ и АВМУ: Навредите кон новинари од политички партии се неприфатливи

    26/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира до политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), по повод нивната јавна објава на социјалните мрежи со наслов „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!“, во која, како што наведуваат од ЗНМ, на навредлив, омаловажувачки и деградирачки начин е таргетиран новинарот Бранко Героски.

    Од ЗНМ изразуваат сериозна загриженост дека ваквиот тип на комуникација од страна на политички партии е неприфатлив во едно демократско општество, бидејќи ја поткопува довербата во медиумите и создава атмосфера на стигматизација и притисок врз новинарската професија.

    „Посебно проблематично е тоа што ваквите објави доаѓаат од партии со значајно влијание во јавниот простор, што може да поттикне онлајн напади, говор на омраза и да создаде небезбедна средина за новинарите. Eвентуалните забелешки за работата на новинарите треба да се искажуваат преку постојните механизми за саморегулација, како што се Советот за етика во медиумите и Советот на честа при ЗНМ, а не преку јавни дискредитации и навреди“, стои во реакцијата од ЗНМ.

    Оттаму апелираат политичките партии своите битки и политички препукувања да си ги водат меѓусебно, а не на грбот на новинарите.

    „Бараме одговорност во јавната комуникација, воздржување од навреди и омаловажување и почитување на интегритетот на новинарите и медиумските работници, како предуслов за слободен, плуралистички и демократски јавен простор“, порачуваат од ЗНМ.

    Со слична реакција излезе и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), која изрази загриженост поради навредливиот, омаловажувачки и деградирачки говор во соопштенијата на СДСМ, насочен кон новинарот Героски.

    „Користењето лични навреди, дисквалификации и етикетирања на новинари претставува форма на притисок која има обесхрабрувачки ефект врз слободното новинарство. Ваквиот начин на комуникација придонесува за продлабочување на поларизацијата во општеството, со што се поткопува демократијата и се врши индиректен притисок врз уредувачката независност на медиумите. Агенцијата во повеќе наврати апелира до сите политички субјекти да покажат повисоко ниво на одговорност во јавниот дискурс, да се воздржат од навредлив и деградирачки говор кон медиумските работници и да ја почитуваат улогата на медиумите како еден од клучните столбови на демократијата“, се вели во реакцијата на АВМУ.

    Поврзани вести

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Филипче од Крушево: СДСМ доби повеќе гласови во однос на ланските избори, а ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа

    Томовски: На граѓаните на Гостивар им беше обезбедувана вода во континуитет

    Новогодишна забава на плоштадот „Македонија“, Скопје во 2026 година ќе влезе со песните на Каролина

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.