Автор: Редакција

Според претседателката, дипломатијата не е само збир на протоколарни активности, туку докажан цивилизациски механизам којшто успева истовремено да урива ѕидови и да гради мостови.„Вие, дипломатите, персонифицирате знаење, умеење, умереност, вештина и упорност во потрагата по решенија за сериозни проблеми, преферирајќи преговори, договори и потписи, наместо конфликти, уцени и оружје“, рече Сиљановска-Давкова и додаде дека лично, повеќе верува во силата на аргументот, отколку во аргументот на силата.Таа истакна дека сегашноста е новата реалност, конфузна, контрадикторна и неизвесна. Притоа меѓународниот поредок не е заснован на меѓународното право, а уште помалку на правда, етика и морал, туку отворено се повикува на моќ, оружјето…

Read More

Вести од Шпанија кои секако дека ќе го шокираат Флорентино Перез. Имено еден од играчите на кои клубот сериозно смета, размислува да си замине веќе во текот на следниот летен преоден рок. Причината лежи во чувството дека ветувањата дадени кога пристигна во Мадрид не беа исполнети. Станува збор за Трент Александар – Арнолд, кој според достапните информации сака да го напушти Реал Мадрид веќе во текот на летото. Комуникацијата помеѓу играчот и клубот значително се влошиле во последните недели. Наводно му беа презентирани јасни планови и улога во проектот, но реалноста на теренот многу брзо почна да се разликува од…

Read More

Кејти Пери и Џастин Трудо го привлекоа вниманието на јавноста кога се појавија на Светскиот економски форум во Давос. Двојката, која веќе некое време е на насловните страници, блесна на овој настан, а нивните насмевки и љубовни погледи беа, навистина, забележливи. View this post on Instagram A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag) И додека Трудо беше еден од учесниците на овој престижен настан, неговата сакана беше морална поддршка. Комбинацијата што пејачката ја носеше за оваа пригода е исто така интересна. Таа избра беж сет кој ја истакнува нејзината витка фигура и ја нагласува целата нејзина женственост. View this post…

Read More

Вечерва (21 јануари) во Кинотеката на Македонија почнува специјалната програма Најдоброто од „Киненова“.Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови кои беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА, првиот филм на победникот на последното издание на БЕРЛИНАЛЕТО, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни Палестински филмови и многу други сеуште актуелни филмови за кои публиката бараше репризни прикажувања.Од 18:00 часот, вечерва во чест на големиот професионалец и креативец, македонскиот кинематографер Владимир Самоиловски, инаку лауреат на 10то издание на КИНЕНОВА 25, ќе го прикажеме македонскиот…

Read More

✍ Марија КовачеваМакедонската ракометна репрезентација го заврши Европското првенство на 14 место (најдобар пласман во последните четири континентални натпреварувања) во конкуренција на 24 учесници. Најважно е дека селекторот Кирил Лазаров и неговите момци обезбедија место во првиот шешир пред ждрепката за Светското првенство 2027 година, што пак влева надеж дека ќе го продолжат континуитетот на пласман на големи натпреварувања.И овој јануари, нашите ракометари го остварија неочекуваното. На Португалија ѝ земаа бод после херојски кам-бек, во самиот финиш среќата не беше на нивна страна. Ја совладаа Романија со сигурна игра и одиграа достоинствен меч против моќната Данска.Целта е остварена. Но поважно…

Read More

Довербата е основа на секоја врска, но астрономските транзити во 2026 година сугерираат дека некои знаци ќе бидат во искушение повеќе од вообичаено. Додека повеќето луѓе оставаат јасни траги – од сомнителни пораки до ненадејни промени во однесувањето – постојат и такви кои ја креваат измамата на следно ниво – ниво на уметност. Тие се „волци во овча кожа“ кои ќе ве бакнат за добра ноќ со насмевка, додека во главите чуваат совршено конструирана мрежа од лаги. Нивната интелигенција, шарм и способност за контрола на емоциите ги прават речиси недостижни, а нивната двојна игра може да трае со години без…

Read More

Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за периодот 2023–2025 година, министерот посочи дека во 2023 година биле откриени 126 кривични дела, во 2024 година 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува пораст од околу 130 проценти. Овие бројки, како што истакна, целосно кореспондираат со перцепцијата на граѓаните дека МВР води сериозна и неселективна борба против корупцијата.Во однос на бројот на сторители, во 2023 година биле евидентирани 185 лица, во 2024 година 363, додека во 2025 година биле откриени 678 сторители поврзани со коруптивни кривични дела. Станува збор за кривични дела…

Read More

Врнежи од снег од утрово го отежнуваат сообраќајот во градовите и на патиштата. Како што информираат од Јавното претпријатие Македонија пат и од АМСМ, од утрово на сила е забраната за тешки товарни возила на превоите Стража, Ѓавато и Пресека, како и на делниците од Маврово до Дебар и од Струга до граничниот премин Ќафасан. Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози, интензитетот е умерен, додека на граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември до 15 март 2026 година е на сила законската обврска за задолжително поседување…

Read More

Патнички воз вчера излета од шините во Гелида, во близина на шпанскиот град Барселона, при што загина машиновозачот, а 37 лица беа повредени, изјави портпарол на регионалната влада на Каталонија за Си-Ен-Ен. Инцидентот се случи само два дена по железничката несреќа во Шпанија, во која два брзи возови се судрија во близина на Адамуз во јужната покраина Кордоба, при што загинаа 41 лице. Вчерашната несреќа се случи за време на патнички превоз на линијата R4 – што ја користат илјадници патници дневно – додека возот се движеше помеѓу општините Гелида и Сант Садурни д’Аноја на североистокот од земјата. Излетувањето беше…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се упати кон Давос, Швајцарија, и веројатно ќе го искористи Светскиот економски форум за да го засили својот притисок за стекнување на Гренланд и покрај европските протести во најголемото нарушување на трансатлантските врски во последните децении. Се очекува Трамп, кој вчера го означи крајот на својата турбулентна прва година на функцијата, да го засени годишниот собир што глобалните елити го користат за да дискутираат за економските трендови во снежноалпското одморалиште Давос. Трамп на прес-конференција изјави дека ќе има состаноци за данската територија Гренланд во Давос и е оптимист дека на крајот може да се постигне договор.…

Read More