Автор: Редакција
Купишта пластичен отпад, градежен шут, дрвја, грмушки и различно ѓубре, се голем дел од причината зошто дождовите кои минатите денови ја зафатија земјава во некои делови предизвикаа катастрофални поплави и оставија стотици луѓе без кров на главата. Одржувањето на проодноста на речните корита повторно е прашање кое се актуелизира само во кризни состојби, иако треба да е редовна активност на локалните самоуправи и државните институции. Фактот дека реките во земјава се резервни депонии е одамна познат. Тоа уште еднаш се потврди и деновиве кога од Вардар, Треска, Зајаска, Слупчанска и другите реки, покрај вода излеаја и огромни количини отпад. Деновиве,…
Првата прес конференција на Народен театар Битола во 2026-та година, се одржа денес, а истата беше посветена на премиерата на „Пламенка“, што ќе се одржи на 19 февруари, по истоимениот роман на Петре Димовски, а во режија на Софија Ристевска Петрушева. На прес конференцијата присутните ги поздрави директорот на театарот, Васко Мавровски.„Како што и ветивме, како тим кога дојдовме на позицијата да раководиме со Народен театар Битола, дека акцентот ќе биде на македонските автори на македонската драматургија и на македонските креативци и театарски работници, така и остваруваме. Минатата сезона ја започнавме со премиера праизведба на Жиголо по текст на Игор…
Во среда, 18 февруари, во киното Синеплекс во 20 часот, ќе се одржи премиерата на долгометражниот игран филм „Соучесници“, по сценарио на Огњен Обрадовиќ, а во режија на Марко Новаковиќ. Филмот е копродукција помеѓу Зилион Филм (Србија), Партизанс (Македонија) и Интер Филм (Хрватска).Филмот „Соучесници“ е психолошка и социјална драма, во кој идиличниот живот на главните ликови нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, нивната совест ги прогонува, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани.Продуцент на филмот е Лазар Ристовски (Зилион Филм), а копродуценти се Роберт Насков (Партизанс) и Иван Малоча…
Драмски театар Скопје информира дека комеморацијата за актерката Ленче Делова ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во 10 часот во Драмски.Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите достоинствено со збор, сеќавење, фотографија и снимка ќе се потсетат на кариерата на македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче Делова.Во 1970 година, се вработила во Драмски театар Скопје каде била професионално ангажирана сѐ до нејзиното пензионирање во 2013 година.Ленче Делова почина на 15 февруари на 77 годишна возраст.
Нашиот млад кошаркар, Андреј Шошкиќ, имаше уште едно одлично издание во рамките на ЦАА лигата во САД. неговиот тим Стони Брук славеше на средбата со Дрексел на домашен терен со 72:69, а нашаиот поентер средбата ја заврши со 14 постигнати поени.Зад името на Шошкиќ имаше и два скока, две асистенции и една блокада.Стони Брук моментно се наоѓа на петтото место во својата дивизија.
Марго Роби и Џејкоб Елорди веќе некое време го промовираат филмот „Wuthering Heights“, базиран на истоимениот роман од Емили Бронте. По бројните премиери во Америка и Европа, актерите пристигнаа во Австралија и е потценување да се каже дека нивните изданија го привлекоа вниманието на јавноста – особено на Марго. Се чини дека една од најубавите актерки во светот ја зачувала својата најдобра креација за својата родна земја, бидејќи, во споредба со другите нејзини комбинации, остави сосема поинаков впечаток. Актерката за пригодата носеше фустан во боја на слонова коска од модната куќа „Аши Студио“. Самиот фустан е комбинација од готски и…
Закажана е спектакуларна боксерска егзибиција меѓу Мајк Тајсон и Флојд Мејведер.Во декември беше најавена борба меѓу овие двајца великани на профи-боксот и според најавите истата требаше да се одржи во Африка. Тогаш, планот беше за март, а сега двете страни се согласија на судир на 25 април. Локацијата останува – со тоа што сега е прецизирана и државата каде ќе се одржи овој егзибициски дуел – Конго.Флојд, како и Мајк, рече дека ова ќе биде една од најспектакуларните борби досега бидејќи во неа учествуваат боксери кои се рангирани високо на листата на најдобри на сите времиња.Тајсон, во своите најдобри денови,…
Тиктокерката Аби Буко го покажа својот веренички прстен на мрежата, но скапото парче накит предизвика лавина од коментари, бидејќи неговиот дизајн многу потсетува, како што велат корисниците, на „отварач за конзерви“. Иако станува збор за француско винтиџ парче од 1950-тите, украсено со дијаманти со вкупна тежина од 5,85 карати и цена од околу 20.200 евра, тоа не ги спречи корисниците да пишуваат хумористични коментари за необичниот дизајн. @abbybuccoo The best combo 💍💅 #vintageengagementring #uniqueengagementrings #engagementphotos #fyp ♬ This Magic Moment (Mono) – The Drifters Реакциите на гореспоменатата мрежа беа разновидни, а имаше и такви што застанаа во нејзина одбрана. „Вљубена…
Забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема на патот од Тетово кон Попова Шапка заради интензивните врнежи од снег и отежнатите услови за сообраќај, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи…
Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за прикривање на начинот на кој ракува со досиејата поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн. „Извадете ги досиејата. Процесот оди бавно“, изјави поранешната државна секретарка на САД за Би-Би-Си во Берлин, каде што присуствуваше на годишниот Светски форум. Белата куќа инсистираше дека со објавувањето на досиејата тие направиле повеќе за жртвите отколку што направиле демократите. На прашањето дали Ендрју Маунтбатен-Виндзор треба да се појави пред конгресен комитет, Хилари Клинтон рече: „Мислам дека секој што е повикан да сведочи треба да сведочи“. Појавувањето во досиејата не е индикација за прекршок.…
