Автор: Редакција
Најкремастата посна песок торта која едноставно се топи во устата! Совршената комбинација од бисквити, кокос и ореви, која исчезнува од масата штом ќе го изгасите. Кога доаѓаат деновите на постот или се приближуваат посните слави, сите бараат рецепт што ќе ги воодушеви гостите, без многу часови поминати покрај шпоретот. Посниот песочен колач е токму тоа – спас во последен момент и уживање што освојува со кремасти слоеви при првиот залак. Она што го издвојува овој колач е неговата текстура што наликува на најфин песок, а сепак се топи во устата. Најдобро од сè? Идеален е за поголеми семејни собири, а…
Како што соопшти МНРиНТ, на средбата биле разменети мислења за евроинтегративниот процес и актуелните случувања во регионот и во Европа.„Министерот се сретна и со директорот на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), Жером Филипини, при што беше потпишана декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Националниот институт за јавни служби (INSP). Со тоа се отвораат нови можности за соработка во обуката и професионалниот развој на високи државни службеници и дипломати“, стои во соопштението.Муцунски вчера се сретна со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад, со кого разговарал за натамошно…
Израел изврши два напади врз Техеран и соопшти дека во средата убил висок командант на Хезболах. Нема знаци дека војната се смирува и покрај тоа што Доналд Трамп повторно тврдеше дека раководството на Иран бара прекин на огнот, пренесува „Гардијан“. Американскиот претседател на социјалните мрежи напиша дека иранскиот претседател „штотуку побарал“ прекин на огнот и дека американските трупи ќе бидат „извадени од Иран прилично брзо“, додека се обидува да ги извлече САД од војната. Тој посочи дека не е загрижен за оставање на иранските резерви на високо збогатен ураниум (HEU), кои често се наведуваат како оправдување за војната, на нивното…
По повод Светскиот ден на книжевноста за деца, „Панили“ ја објави „Јатки од зборови“ – нова книга од бардот на македонската книжевност за деца, Стојан Тарапуза.Песните што ја сочинуваат „Јатки од зборови“ се создавани спонтано и во подолг временски период.Содржински се разликуваат едни од други, но во однос на пораките што ги сугерира книгата се многу слични. Тоа на книгата ѝ дава посебен белег. Нејзините поглавја, дваесет и шест на број, се со богата содржина и се одвиваат во разговорна форма којашто е исклучително важна за детето.Книгата „Јатки од зборови“, како што е нагласено во рецензијата, и тоа во рима:…
Цените на нафтата денеска се искачија за повеќе од 5 долари, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе продолжат со нападите врз Иран без да се обврзат на специфичен временски рок за завршување на војната, поттикнувајќи ги стравувањата на инвеститорите за постојани прекини во снабдувањето. Фјучерсите за сурова нафта од типот Брент се зголемија за 6,33 долари, или 6,3%, на 107,49 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта од типот Западен Тексас се зголемија за 5,28 долари, или 5,3%, на 105,40 долари за барел. Зголемувањата следеа по претходниот пад од повеќе од 1 долар кај двата референтни показатели пред…
Пејачот Хари Мата Хари претстави нова песна наречена „Снегот ги покри гранките на Босна“, која е инспирирана од убавините на Босна и Херцеговина. Во видеото и преку текстот, песната раскажува за уникатноста на земјата, нејзините пејзажи и чувството на припадност што е тешко да се опише со зборови. Песната е посветена на сите луѓе кои ја сакаат Босна и Херцеговина, особено на оние кои ја нарекуваат свој дом. „Видеото ве води низ некои од најубавите сцени на земјата, откривајќи ја нејзината автентична убавина. Посебно место во кадрите заземаат дивите коњи од Ливно, кои симболизираат слобода и сила…Новата песна доаѓа во…
Манчестер Сити официјално го замоли менаџерот Пеп Гвардиола да открие дали планира да остане на чело на „граѓаните“ до крајот на договорот.Според talkSPORT, луѓето од горните ешалони на клубот сè уште немаат јасни информации за намерите на Гвардиола. Се очекуваше каталонскиот специјалист да фрли светлина врз своите планови за време на репрезентативната пауза, но тоа не се случи.Шефовите на Манчестер Сити сакаат што е можно поскоро да дознаат дали Гвардиола ќе продолжи да работи со тимот за да го испланира изборот.Раководителите на клубот на „Етихад“ се подготвени за двете опции. Тие се надеваат дека Гвардиола ќе остане до крајот на…
„Ова е сè уште најевтиниот автопат кој што се гради во Македонија. За споредба, автопатите што се градат на коридорите 8 и 10 со договорот со конзорциумот Бехтел и Енка ќе стигнат некаде по 15,5 до 16 милиони евра по километар. Скопје – Блаце од ова што имаме како индикативни понуди, ги работиме заедно со Европската банка за обнова и развој, ќе биде некаде околу 21 милион евра по километар и нешто слично ќе биде Кичево – Букојчани. Што значи дека ова сè уште останува најевтиниот автопат кој што го градиме, но доколку беше изграден навреме, ќе беше помалку од…
Владата бара нов начин за финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, откако досегашното кредитирање преку кинеската Ексим банка е прекинато. Средствата за продолжување на работите, според најавите, ќе се обезбедат преку задолжување на Јавно претпријатие за државни патишта кај домашните банки. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата веќе работи на обезбедување финансии за да се доврши проектот и автопатот конечно да биде пуштен во употреба. Тој посочи дека финансирањето од кинеската банка е прекинато, но институциите пронашле решение за да не запре изградбата. Од претпријатието за државни патишта наведуваат дека до прекинот на финансирањето дошло откако претходната влада…
Од Меѓународниот монетарен фонд предупредуваат дека растот на цените на енергенсите, поттикнат од конфликтот на Блискиот Исток, може повторно да создаде инфлациски притисоци и да го забави економскиот раст во Северна Македонија. Ова е наведено во завршната изјава на Мисијата на Фондот по редовните консултации со земјава. Според проценките, економијата во 2026 година би можела да порасне за околу 3,1 отсто, но истовремено, растот на светските цени на нафтата повторно се очекува да ја поттике инфлацијата, која би достигнала околу 4,5 проценти. Поради поскапувањето на енергенсите, властите веќе презедоа неколку привремени мерки, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата од…
