Автор: Редакција
„Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, објави Мицкоски на Фејсбук страницата.Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес што бара одговорност, соработка и јасна визија за иднината.„Продолжуваме посветено да работиме на реални и одржливи решенија“, додава премиерот во објавата на Фејсбук.
Краткометражниот игран филм „ЛОЈНС“, во режија на Доријан Жесперс, а во копродукција на Веда Филм од Скопје, е официјално селектиран за учество во програмата на Berlin Critics’ Week 2026, која ќе се одржи од 9 до 17 февруари 2026 година во Берлин.Филмската програма на фестивалот започнува во вторник, 10 февруари, во киното Hackesche Höfe Kino. Berlin Critics’ Week е независнo курирана платформа која се прикажува паралелено со Берлинале и презентира значајни филмски остварувања од тековната фестивалска сезона како важен простор за критички дијалог и најновите и најхрабрите авторски филмови.Во својата официјална најава, фестивалот го истакнува следново за филмот и режисерот:„Доријан…
Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален илузионизам и да веруваме дека совршен закон на хартија е крајот на патот, треба да се фокусираме на напорна работа во годините пред нас – да изградиме институции што дишат, што се адаптираат и што им припаѓаат на луѓето.Сиљановска го претстави македонскиот случај и посочи дека државата веќе 25 години по потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија, формално и правно се усогласува со Европската Унија, со нејзините институции, правила и регулативи, но и покрај тоа сме…
Актерката Џејн Сејмур во интервју за „Fox News Digital“ изјави дека конечно е среќна и дека е благодарна на луѓето што ги има во својот живот. View this post on Instagram A post shared by The Body Firm (@bodyfirm) „Пред се, сама си ја правам косата и шминката. Сама си ја бирам облеката, разумно се хранам, никогаш не сум на луди диети и многу сум среќна. Благодарна сум што сум жива“, рече таа. „Благодарна сум што имам одлична работа, работа со луѓе што ги сакам“, додаде Џејн, позната како девојка на Бонд. View this post on Instagram A post shared…
Во понеделник, во Белград се одигра 17-то коло од АБА лигата помеѓу КК ФМП Белград и КК Борац Чачак, а најголемо внимание привлече еден детал од 33-тата минута од натпреварот. Според многумина овој момент е еднаков на „обид за убиство“ и далеку од спортски.Џошуа Скот од ФМП без да размислува во налет сакеше да го блокира младиот Петар Радовиќ, кој незгодно падна. Сликата е навистина застрашувачка.Моментот можете да го погледнете во видеото подолу.
Саиф ал-Ислам Гадафи, син на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен во очигледен атентат во неговиот дом во градот Зинтан во северозападна Либија, изјави шефот на неговиот политички тим. Тој имаше 53 години. Саиф ал-Ислам Гадафи некогаш се сметаше за наследник на неговиот татко диктатор – кој беше погубен откако неговиот режим беше соборен во кулминацијата на протестите на Арапската пролет во 2011 година – и во последните години се обидуваше да се врати во политиката во Либија. „Четири маскирани напаѓачи упаднале во резиденцијата на Саиф ал-Ислам Гадафи и ги оневозможиле безбедносните камери пред да го убијат во предавнички и…
Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт на глобално ниво, а истата состојба се забележува и во Македонија. Денеска се одбележува Светскиот ден за рак, водечки меѓународен ден за подигнување на свеста за болеста. Веднаш по болестите на циркулаторниот систем, ракот претставува втора најчеста причина за смртност во земјата. Податоците за периодот од 2010 до 2024 година покажуваат континуиран раст на стапката на морталитет од малигни неоплазми. Таа се зголемила од 180 на 100.000 жители во 2010 година, на 217 на 100.000 жители во 2024 година. „Морталитетот е значително повисок кај машката во споредба со женската популација. Највисоки стапки на…
Дербито на вечерта им припадна на Пистонс. Кејд Канингем го предводеше лидерот на Истокот со 29 поени и 10 асистенции, Дурент додаде 19 поени и 13 скока, па кошаркарите на Детроит по вторпат за помалку од една недела го совладаа тимот од Колорадо, овој пат со 124-121. Мареј беше најефикасен кај гостите со 32 поени и осум асистенции, додека Јокиќ натпреварот го заврши со 24 поени и 15 скока. Србинот имаше и пет загубени топки и четири асистенции.Рекорд на сезоната во Индијана. Ајзеа Колиер забележа дури 22 асистенции, најмногу што еден играч има остварено во тековниот шампионат. Момчето од Џорџија,…
Политизацијата на прашањето на евроинтеграциите на Западен Балкан станува сѐ поочигледна, наспроти принципите и исполнувањето на пропишаните услови. Како да се бориме со тоа, што можеме реално да направиме? – Така што ќе направиме нешто што одамна требаше да го направиме – да се апстрахираме од статусот „членство“. Да се апстрахираме од измислениот пат кон Брисел и да се фокусираме на суштината – европеизација, да се самоевропеизираме. Не како политичка цел, туку како темелна претпоставка за ЕУ како еден демократски политички систем, суи генерис политички ентитет. Основна предност на тој ентитет е што може да извезува демократија, модел на демократски…
Петнаесет мигранти загинаа во Егејското Море кај Грција откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај островот Хиос, соопшти крајбрежната стража. Службеник на крајбрежната стража изјави дека забележал брод што превезувал мигранти кон Хиос, кој се наоѓа на неколку милји од брегот на Турција, и им наредил да се вратат назад. „Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража предизвикувајќи судир“, изјавил службеникот за Ројтерс. Крајбрежната стража соопшти дека 25 мигранти биле спасени, но една од нив, жена, подоцна починала. Операцијата за пребарување и спасување е во тек. Ројтерс не можеше независно да потврди како се случил судирот.…
