Автор: Редакција
Филмската икона Брижит Бардо, која почина на 91-годишна возраст, зад себе остави еден син – Никола-Жак Шарије, дете чијшто доаѓање никогаш не го посакувала. Нивниот однос со децении бил исполнет со горчина, дистанца и судски спорови.Бардо го родила синот во 1960 година, во брак со актерот Жак Шарије, нејзин колега од филмот „Бабет оди во војна“. Бременоста ја доживувала како најголема трагедија во животот и никогаш целосно не ја прифатила улогата на мајка. Во тоа време абортусот во Франција бил нелегален, а актерката, преплашена и очајна, безуспешно се обидувала да најде лекар што би ѝ помогнал да ја прекине бременоста.Во…
Во ноември, бројот на пријавени случаи на акутни заразни заболувања изнесува 1.242 случаи, што е за 29,2 отсто повеќе отколку во октомври, наведено е во билтенот на акутни заразни болести што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што се наведува, повеќе од половина од случаите, 808 случаи биле овчи сипаници, што ја прави оваа болест најраспространета во ноември. Следни се ентероколитисите со 257 случаи. Регистрирани се и помали групи на заболени од други акутни инфекции како бактериски алиментарни инфекции, салмонелози, инфективна мононуклеоза, легионерска болест, скарлатина и други. Во однос на ХИВ/СИДА и вакцино-превентабилните заболувања, во ноември пристигнале две…
Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
На пјацетата пред Италијанската амбасада граѓаните уживаа во музика, греано вино и печени костени.Настанот „Џез под ламба“, во организација на Општина Центар, создаде пријатна празнична атмосфера, исполнета со џез верзии на познатите божиќни песни и стари шлагери во изведба на бендот на Мартина Елиора.„Ме радува што настанов и годинава привлече голем број посетители. Овие радосни и среќни луѓе се доказ дека на градот му недостигаат вакви содржини. Џез под ламба прерасна во убава традиција, која ја збогати културната сцена во градот“, рече градоначалникот, Горан Герасимовски, кој заедно со скопјани уживаше во празничниот амбиент и џез атмосферата.Герасимовски, ја искористи можноста да…
Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“.Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол, а подоцна ѝ го сврте грбот на филмската индустрија и се посвети на борбата за правата на животните, починала во 91. година од животот.Меѓународната слава ја стекна со филмот And God Created Woman од 1956 година, кој го напиша и режираше нејзиниот тогашен сопруг Роже Вадим. Во наредните две децении, Бардо беше олицетворение на архетипскиот „секс-симбол“. На почетокот на 1970-тите, таа објави дека се повлекува од глумата и стана сè поактивна во јавниот и политичкиот живот.Нејзината отворена поддршка за правата на…
Новогодишниот базар во Чаир кој започна вчера, а ќе трае четири дена, ги отвори вратите синоќа на плоштадот Скендербег, со што беше означен почетокот на празничната програма. Базарот го посетија стотици граѓани кои и покрај студеното време, уживаа во празничната декорација, штандовите и во музичката програма. Фото: Општина Чаир Вечерта беше збогатена со музика на ди-џеј Едмир. Денеска од 18 часот, ќе се реализира посебна програма за деца со маскоти и празнични активности, а од 19 до 21 часот повторно ќе има музичка програма.
Шокантни вести доаѓаат од Островот. Иднината на Енцо Мареска во Челзи е доведена во прашање по поразот на домашен терен од Астон Вила. Италијанскиот менаџер доби јасен ултиматум од раководството – неговата судбина зависи целосно од неговиот настап во следниот, исклучително важен натпревар против тимот на Борнмут. Поставените услови се бескомпромисни: во случај на уште еден неуспех, овој пат против Борнмут, тој ќе мора да се збогува со својата работа. Ова го претвора претстојниот натпревар во вистинско финале за него, во кое влогот не е само победата, туку неговиот професионален опстанок. Секој тактички избор, секоја замена и секоја тренерска одлука…
Македонскиот КИЦ во Белград во петокот ја заокружи првата година од своето постоење со вечер посветена на бардот на македонската и на српската култура, Зафир Хаџиманов.Во едно исклучително емотивно музичко дружење со неговите најблиски, синот Васил Хаџиманов и легендарната Бисера Велетанлиќ, бројната белграска публика на глас ги пееше големите хитови на Зафир и Бисера, а со долги аплаузи беа поздравени бравурозните интерпретации на Васил Хаџиманов на неколку обработки на традиционални македонски песни, но и неговите теми, „Охрид“ и „Сланкамен“.Премиерно, во чест на својот татко, Васил ја испеа и првата голема фестивалска песна на Зафир Хаџиманов, „Човјек као ја“, која во…
Не е тајна дека една од главните теми во шпанскиот фудбал се судиите. Реал Мадрид и Барселона веќе со години водат “војна“ во врска со судењето. Инаку шпанскиот фудбал повторно се се најде во центарот на нова контроверзност откако Техничкиот комитет на судии призна за грешки во ВАР системот. Официјално беше потврдено дека за време на анализата на 51 натпревар од Ла Лига, се евидентирани дури десет погрешни одлуки на ВАР. Оваа информација предизвика силни реакции од јавноста, навивачите и фудбалските аналитичари низ целата земја. Особено внимание беше привлечено од информациите за клубовите кои најмногу профитирале од спорните одлуки. Според…
Меколи Калкин откри дека на врвот на славата, како тинејџер, направил пауза од глумата бидејќи сакал да има што е можно понормално детство. По огромниот успех на филмот Сам дома и неговото продолжение, како и улогата во Ричи Рич (1994), Калкин решил да се повлече затоа што се чувствувал изолирано и сакал да се дружи со врсниците, да излегува и да живее типичен тинејџерски живот. Во интервју за емисијата Mythical Kitchen, тој објасни дека најчесто работел сам и ја спореди својата состојба со ликот на Том Хенкс во Cast Away. Калкин нагласи дека славата не ја барал свесно, туку „едноставно…
Во најновиот број на прилогот „Култура, уметност и наука“, белградскиот весник „Политика“ под насловот „ Ода кон источниот Медитеран “ објави осврт кон српското издание на романот „Столб што пее“ од Томислав Османли.Романот, во превод на писателот и преведувач Сашо Огненовски, неодамна го објави новосадското книгоиздателство „Агора“ . По подеднакво содржајната рецензија објавена пред три месеци во угледниот белградски дневник „Danas“, новиот осврт во „Политика“ донесува уште едно комплексно согледување на романот „Столб што пее“, од перото на истакнатата критичарка Александра Ѓуричиќ. Авторката на текстот е писателка, драматург, музиколог и поранешна уредничка и редовна соработничка на рубриките за култура на…
