Автор: Редакција
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат брзина на движење да се прилагоди на условите на патот, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се управува со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава…
Третиот тенисер во светот, Александер Зверев, е првиот полуфиналист на Австралија опен. Германскиот тенисер во четвртфиналето го совлада Американецот Лернер Тиен, 29. на АТП-листата, со 3:1 во сетови, 6:3, 6:7(5), 6:1 и 7:6(3), а мечот траеше три часа и 13 минути.Тиен во претходната рунда го елиминираше Данил Медведев, но против Зверев немаше сили за ново изненадување. Му пружи силен отпор, го освои вториот сет во тај-брејк, го однесе и четвртиот сет во тај-брејк, но тука беше крајот.Германецот одигра одличен меч. Забележа 24 аса, имаше 72 проценти успешност на првиот сервис, ги спаси сите три брејк-топки на противникот и сосема заслужено…
Овој едноставен трик за сушење алишта би можел да стане ваш мал, но корисен сојузник во зимските домашни работи. Сите сакаме нашите алишта да се исушат што е можно побрзо по перењето, особено во текот на зимските денови, кога сушењето алишта е вистински кошмар. Сепак, на интернет има многу корисни совети и трикови, а еден таков совет се однесува на перењето и сушењето алишта. Секогаш кога ви се чини дека сте бомбардирани со трикови за да го олесните животот дома од сите страни, не заборавајте дека некои од нив навистина би можеле да ви го променат животот. Еден таков совет…
„Ми претставува особена чест и задоволство да ви го честитам Националниот ден на Србите во земјава, празникот Свети Сава. Ви посакувам овој голем празник да го поминете во добро здравје, мир и спокој, а вашите домови да бидат исполнети со радост и меѓусебна слога.Делото на Свети Сава како просветител и мировник е вечен патоказ за тоа како се негува духовноста, но и како се гради заедништво засновано на меѓусебно почитување и разбирање. Токму српската заедница, со својот богат културен идентитет и традиција, е важен сегмент на македонското мултикултурно општество.Вашиот придонес во сите општествени сфери ја прави македонската држава побогато, посовремено…
Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот, напиша македонската пејачка Каролина Гочева покрај видеото што го објави на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)
Претседателот Доналд Трамп и гувернерот на Минесота, Тим Волц, постигнаа помирувачка нота по приватниот телефонски разговор во понеделникот, што е знак дека двете страни сакаат да ја смират кризата околу акцијата за депортација наредена од Трамп, во која загинаа двајца американски државјани во Минеаполис. Трамп и градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, исто така разговараа по телефон во понеделникот, а нивните последователни забелешки беа исто така оптимистички, промена од неделите на жестоки јавни размени. Друг знак за затоплување на односите беше потврдата од висок функционер на администрацијата на Трамп дека Грегори Бовино, висок функционер на американската гранична патрола, кој беше цел на…
Девет oпштини во Полошкиот регион потрошиле над 16,9 милиони денари или над 275 илјада евра за зимско одржување на патиштата во тек на сезоната 2025/26. Оваа сума е без ДДВ, затоа што истото не беше пресметано во некои од договорите, што ја покачува цената уште повеќе цената. Порталб.мк ги разгледа договорите потпишани меѓу oпштините и приватните оператори. Општина Тетово потрошила најмногу пари, потоа следуваат Гостивар и Маврово и Ростуше. Некои општини сами си го вршат одржувањето на патиштата во текот на зимата. Една општина не даде никакви податоци, игнорирајќи ги новинарските прашања со недели. Повеќето од компаниите што се занимаваат…
СпортСпорт во Анталија, Огнен ДојчиновскиАктуелниот македонски есенски шампион, тимот на Вардар во моментов е на подготовките во Сиде, Анталија. Како што е редот, и како што функционира секој сериозен клуб, Вардар на овие подготовките покрај стандардните првотимци кои донесоа есенска титула, плус новитетите, понесе и десетина младинци, дел од подмладокот на клубот кои што се полни потенцијал и талент.Сите од ред младински репрезентативци на Македонија, што е и нормално со оглед на фактот во кој клуб играат, и каде настапуваат. Одиме со ред….Данев и Талевски веќе се „староседелци“
Кристен Стјуарт објасни зошто сè повеќе се оддалечува од глумата и се свртува кон режијата – наведувајќи го начинот на кој жените се третираат во Холивуд како главна причина. Пред премиерата на нејзиното режисерско деби, „Хронологијата на водата“, 35-годишната актерка отворено проговори за своите фрустрации од филмската индустрија и рече дека чувствува дека луѓето ја почитуваат повеќе зад камерата отколку пред неа. „Актерките се третираат како ѓубре, морам да ви кажам“, рече Стјуарт во интервју за The Sunday Times. „Луѓето се однесуваат како секој да може да го направи тоа, но првиот пат кога седнав да зборувам за мојот филм…
Годинашен добитник на наградата за најдобра беседа за 2026 од конкурсот што го распиша НУ Библиотека „Григор Прличев“ на тема: „По песната птиците се разликуваат“е Софија Стојанова. Таа е ученичка во втора година во гимназијата „Јане Сандански“во Струмица.Нејзината беседа беше под шифра „Тивериопол“, таа го докажа авторството, а Библиотеката доби потврда и од нејзината професорка по македонски јазик и литература Боркица Филева.„Добивањето на наградата на конкурсот распишан од Библиотеката во Охрид за мене претставува исклучително значајно признание и длабока лична радост. Овој успех не го доживувам само како потврда за мојот труд, туку и како охрабрување да продолжам уште посветено…
