Автор: Редакција

За утврдување на проблемите во училиштата и спроведување соодветни мерки ќе има лиценцирање на психолози, најави Министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Министерката ќе побара од Комората на психолози да организираат дополнителни обуки за психолозите, бидејќи како што рече таа, некои студирале по стара, а некои по нова програма. Јаневска ја посочи педофилијата кај наставниците како најсериозен проблем за кој се преземаат мерки за расчистување. Таа посочи дека Државниот просветен инспекторат реагирал дури откако случаите биле објавени во јавноста, а во меѓувреме пријави биле поднесени и до полицијата и до Обвинителството. „Уште еднаш апелирам до наставниците кои се колеги…

Read More

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници, соопштија денеска оттаму. Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужиле вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7 отсто. „ТАВ Македонија продолжува да бележи рекордно двоцифрено зголемување на патничкиот сообраќај. Во првите четири месеци од оваа година опслуживме вкупно 1,2 милиони патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле…

Read More

Високиот претставник во Босна и Херцеговина наскоро ќе поднесе оставка од таа позиција, а за сè треба официјално да ја информира јавноста во наредните денови, пренесува Босанскиот Кликс. Според неофицијални информации, Шмит ќе изјави дека поднесува оставка од лични причини, но не планира да ја напушти позицијата додека не се избере нов висок претставник. По оставката, Шмит ќе побара од Советот за спроведување на мирот (СИМ) да го започне процесот на избор на нов висок претставник бидејќи смета дека БиХ сè уште не е подготвена да функционира без таа фигура. Во своето јавно обраќање, тој планира да објасни зошто сè…

Read More

Со изведбата на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини, синоќа во Македонската опера и балет беше отворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Публиката премиерната изведба ја поздрави со долги аплаузи и овации.Диригент на двете едночинки беше Џанлука Мартиненги, кој го водеше оркестарот низ две различни музички и драмски атмосфери – од трагичната и емотивна „Сестра Анџелика“ до сатиричната и комична „Џани Скики“.Во главната улога во „Сестра Анџелика“ настапи сопранистката Валентина Бои, која ја донесе емотивната приказна за монахињата што се соочува со лична трагедија. Бенедета Мацето настапи како Принцезата, во улога што внесе силна драмска…

Read More

Денес во Мобилната/Монтажна галерија во Скопје, ќе биде отвотена самостојната изложба „Македонска Златна Азбука“ на уметницата Мaја Танева, проект кој ја истражува македонската азбука како простор на идентитет, културна меморија и современ визуелен израз.Изложбата опфаќа 31 дело, по едно за секоја буква од македонската азбука, изработени во акрилна техника со златна фолија на акрилен хамер. Дел од буквите се врамени, додека други излегуваат од класичниот формат и го преземаат самиот галериски простор,претворајќи ја изложбата во визуелно и емоционално искуство.„Азбуката е едно од ретките нешта што тивко нè следат низ целиот живот. Преку неа првпат го пишуваме сопственото име, првпат читаме…

Read More

Дознајте кого ѕвездите „кршат“ и како да се извлечете од оваа турбуленција што е можно побезболно. Ако се надевавте дека летото ќе пристигне на послужавник, подгответе се да ја испуштите топката. Втората половина на мај носи многу тежок период за три хороскопски знаци, токму кога сите околу нив се упатуваат кон море, кон свадби и летни авантури. Нервозата ќе расте, парите ќе ви се лизгаат низ прсти, а ситните зборови ќе се претворат во големи расправии. Ако сте меѓу овие три знаци, подгответе се за силен удар. Ќе добиете предизвици во речиси сите области од животот – од работа, до…

Read More

Давид Раја е прогласен за најдобар голман во Премиер лигата за оваа сезона.Голманот на Арсенал денес го имаше својот 18-ти меч без примен гол во тековната сезона од англиската Премиер лига, во победата на „топчиите“ над Вест Хем со 1-0 во 36-тото коло.По ова, неговиот најблизок ривал, Џанлуиџи Донарума од Манчестер Сити, ја изгуби шансата да ја подели наградата со Раја. Италијанецот има 13 натпревари без примен гол, додека „граѓаните“ имаат уште три натпревари до крајот.Раја ќе ја освои „Златната ракавица“ во Премиер лигата трета сезона по ред – подвиг претходно постигнат само од Хозе Реина, Џо Харт и Едерсон.

Read More

„Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“. Под ова мото, кое му го должиме на Ацо Шопов, годинава ќе се одржи третото издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај, во Скопје Сити Мол.Соништата на нашите поети – оние што се со нас, и оние што веќе ги нема – ќе бидат во срцевината на програмата, со која фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ доследно продолжува да гради мостови меѓу генерациите.Традиционално, манифестацијата ќе започне со одбележување на јубилеи на истакнати македонски поети и творци: Васил Куноски и Волче Наумчески (родени 1916), Блаже…

Read More

Муцунски посочил дека државава постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, нагласувајќи дека е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што истакна, ја потврдува не само посветеноста на реформите, туку и јасната стратешка ориентација кон членство во Унијата.„Нашата порака до земјите членки е повеќеслојна. Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување, особено во областите на безбедноста и одбраната, економијата и трговијата, енергетската безбедност, безбедноста на храната и дигитализацијата“, …

Read More

Уран повторно влезе во Близнаци на 26 април и ќе остане таму, со краток транзит кон Рак во 2032 година, до 22 мај 2033 година. Неговиот влез во знакот Близнаци отвори период на моќни промени. Бидејќи Близнаците се поврзани со комуникација, информации, учење, движење и начинот на кој разменуваме идеи, овој астролошки транзит би можел да означи сосема ново поглавје во животот. Се наоѓаме во време на забрзани откритија, ненадејни пресврти и големи промени во начинот на кој разговараме, учиме, работиме и се поврзуваме со другите. Некои хороскопски знаци ќе влезат во своето златно доба. Овен Во овој период, Овенот…

Read More