Автор: Редакција

Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар, организираше крводарителска акција по повод одбележување на 19 години од постоење на претпријатието. Како што информираат оттаму, акцијата која се организира четврт пат по ред, се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија. Вработени и граѓани доброволно даруваа крв, уште еднаш потврдувајќи дека хуманоста и општествената одговорност се составен дел од работењето на претпријатието. Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски, истакна дека ваквите активности имаат посебно значење за заедницата. „Крводарителството е чин на хуманост кој директно спасува животи. Горди сме што по четврти пат организираме ваква акција и…

Read More

На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на…

Read More

На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со…

Read More

Позната по своите атрактивни изданија, ријалити ѕвездата Кајли Џенер повторно го привлече вниманието на јавноста. Фотографите неодамна ја фотографираа на едно вечерно излегување, а за таа пригода таа одлучи да облече уште еден фустан од латекс. Kylie Jenner parties in red latex dress after quashing Timothée Chalamet breakup rumours https://t.co/k2Ja3gFvYz — Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 14, 2025 Ова е модел кој ги „прегрнува“ сите женски облини и ја нагласува нејзината витка фигура. Фустанот има и отворен грб, а овој детаљ дава доза на софистицираност на нејзиниот изглед. KYLIE JENNER pic.twitter.com/t25j77E6f4 — acervo kylie jenner (@acervokyjenner) December 14, 2025 Својот…

Read More

Како што е познато, сезоната во Формула 1 заврши минатиот викенд, Ландо Норис ја освои својата прва шампионска титула, а сега се познати заработувачките на сите возачи во текот на оваа година. Секако, Луис Хамилтон беше најплатениот возач во Формула 1 во 2025 година, а Ферари му плати импресивни 70 милиони долари во текот на оваа катастрофална сезона, барем кога се однесува до платите. Сепак, платата не е сè. Макс Верстапен, чија основна плата во Ред Бул беше 65 милиони долари, заработи повеќе вкупно поради големиот бонус од 11 милиони долари, што му дава вкупно 76 милиони. Бонусот на Хамилтон…

Read More

Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија во Скопје се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овој пат збогатен со настап на музичари од Централниот оркестар на Вооружените сили на Романија.По пречекот на претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и интонирањето на химната на Романија и македонската химна, здружениот оркестар, под диригентската палка на мајор Каталин Ион од Вооружените сили на Романија, концертот го започна со свечена фанфара, a продолжи со позната љубовна тема од Романија. Првиот дел беше заокружен со популарен сплет на светски хитови аранжирани за дувачки…

Read More

Тој вчера информираше дека пратена била покана и до Коцевски за денешната седница.Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека новииот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда.

Read More

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека доделувањето на наградите за најдобрите во 2025 година ќе се одржи во главниот град на Катар, Доха, на 16 декември од 18:00 часот по средноевропско време. „Како и секогаш, навивачите одиграа клучна улога во изборот на победниците, давајќи над 16 милиони гласови и учествувајќи во одредувањето на судбината на наградите, вклучувајќи ја најдобрата фудбалерка, најдобриот фудбалерка, најдобрата тренерка, најдобриот машки тренер, најдобрата голманка и најдобриот машки голман. Сите добитници на наградите беа одредени преку систем на гласање со еднаков удел помеѓу навивачите, актуелните капитени и селектори на сите женски и машки национални тимови и…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си поради уредување на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“. Трамп го обвини емитувачот за клевета и за кршење на законот за трговски практики, според судските документи поднесени во Флорида. Би-Би-Си му се извини на Трамп минатиот месец, но ги отфрли неговите барања за надомест и не се согласи дека постои каква било основа за тужба за клевета. Адвокатскиот тим на Трамп ја обвини Би-Би-Си дека го клеветила со намерно, злонамерно и измамничко манипулирање на неговиот говор. Би-Би-Си сè уште не одговорила на тужбата. Трамп минатиот…

Read More

Фирмата на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, „Афинити партнерс“, потврди за „Волстрит џурнал“ дека се повлекува од проектот за купување на зградата на Генералштабот во Белград, откако проектот предизвика протести. Како што наведоа, го прават тоа од почит кон народот на Србија и Белград, бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат. „Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент“, изјави портпаролот на приватната инвестициска фирма на Кушнер, „Афинити партнерс“, пренесуваат српските медиуми.…

Read More