Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Николоски: Решение за македонските превозници ќе има
    Македонија

    Николоски: Решение за македонските превозници ќе има

    20/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Вицепремиерот посочи дека е започнат официјален дијалог со Европска Комисија, во рамки на новата визна стратегија претставена од претседателката на Европската Комисија, при што македонските превозници за првпат се третираат како професионална категорија.

    „Контурите се јасни, а тоа е дека со новата визна стратегија, превозниците се признати за првпат како професионалци, што досега не беа во таа категорија. Сега има неколку опции што се разгледуваат како можни решенија, а тоа е секоја земја членка на Шенген зоната да издава посебни визи, при што деновите би се броеле само во таа земја, понатаму целосно изземање на возачите по примерот на пилотите и машиновозачите и третата опција со третман како прекугранични работници. Помеѓу овие три модалитети сега се изнаоѓаат решенија. Имаше три состаноци до сега, еден беше на политичко ниво, два беа на техничко ниво и очекувам дека ќе се најде решението. Тоа што е знак на добра волја за Македонија, е дека примената на ЕЕС системот ќе се одложи до крајот на септември“, рече вицепремиерот Николоски.

    На прашањето дали до септември ќе се реши проблемот, вицепремиерот смета дека има доволно време.

    „Јас мислам дека за Македонија ќе се реши и тука би сакал да замолам да бидеме многу внимателни за она што доаѓа како информација од соседството. Ова е прашање кое не треба да се политизира, ова е прашање кое се однесува на бизнисот, а не на политиката и треба да ја држиме политиката надвор од ова“, изјави Николоски.

    Тој посочи и дека уште минатата година прашањето било разгледувано на седници на Влада, а Министерството за надворешни работи било овластено да комуницира со европските партнери.

    „Верувајте додека не се случи блокадата не беа свесни во ЕУ за кои размери зборуваме“, изјави Николоски, потсетувајќи на неговата интензивна меѓународна агенда во однос на ова прашање и потенцирајќи дека Владата останува посветена на изнаоѓање одржливо решение што ќе овозможи непречено функционирање на македонските превозници.

    Поврзани вести

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026

    „Уште колку имиња треба да научиме за институциите да преземат одговорност?“ – Масовен протест во Скопје против фемицидот

    08/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Јаневска: Нема да го повлечеме законот за високото образование, ќе биде за доброто на сите

    Русија сè повеќе ги таргетира возовите и целата железничка мрежа во Украина во новите напади

    Трагедија во Бурунди: Фудбалер починал откако ја голтнал својата амајлија!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.