Автор: Редакција
На брифингот посветен на напредокот во спроведувањето на Реформската агенда, што се одржа во Владата, а на кој присуствуваа членови на Владата, амбасадори на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, беше направен детален осврт на досегашните резултати и идните приоритети во клучните реформски области. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дел од реформите се реализираат, но дел, како што рече, од објективни причини нема да се реализираат, и за тоа се известени претставниците на меѓународната заедница. „Како Влада кога бевме избрани пред неполни 20 месеци имавме индикативна листа на чекори кои што треба да ги реализираме, практично…
Ревизорите откриле загрижувачки пропусти во работата на владината Служба за општи и заеднички работи
Државниот завод за ревизија откри сериозни слабости во работењето на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) вклучувајќи пропусти во управувањето со имот и возен парк, како и при давање угостителски услуги во владините ресторани и бифеа, каде што храната се продава со маржа до 50 отсто, а сметките се средуваат дури на крајот од годината. Финансиските извештаи се одговорност на Пеце Мирчевски, кој бил директор во периодот од 06.06.2017 до 13.06.2024 година и Ивица Томовски кој на позицијата е назначен од 28.06.2024 година. „Во одредени периоди од годината се забележува низок износ на уплатен дневен пазар, а…
Оваа сабота (7 февруари), во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ на „Арс Ламина“, во книжарницата на „Литература“ во „Дајмонд мол“ со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова. Илустрациите се дело на Рената Јосифовска.Книгата е инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, инспирирани и од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски.Промоцијата ќе ја води уредничката Бисера Бендевска, во форма на краток дијалог со авторката. По промоцијата, ќе се одржи мини-претстава за деца, во која…
Љубителите на стрипот деновиве се простија со еден од најпознатите и највлијателни уметници на „Марвел“ – Сал Бјусема (Silvio “Sal” Buscema). Тој починал на 24 јануари 2026 година, на 89-годишна возраст, во својот дом во Гејнсвил во Вирџинија (САД), само два дена пред да наполни 90 години. Бјусема беше познат по својот препознатлив динамичен стил како долгогодишен илустратор на стрипови со Спајдермен, Хулк, Конан, Капетан Америка и други јунаци на „Марвел“. Во текот на седумдесеттите и осумдесеттите кај нас беа достапни неговите стрипови кои излегуваа во „ЕКС алманах“, издание на „Дечје новине“ од Горњи Милановац. Последните години во регионот може…
На популарниот регионален портал Stripovi.com е отворено гласањето за „Oscar 2025“, традиционалниот избор на најдобри стрипови на годината – избор што ги обединува читателите и љубителите на стрипови од целата поранешна Југославија. Гласањето ќе трае во текот на февруари, а учесниците можат да изберат најмногу по 10 наслови во секоја од двете категории: „стрип свеска“ (помал формат) и „стрип албум“ (поголем формат). Во тековниот избор, како и во претходните години, во конкуренција се најголем број лиценцирани изданија и реизданија на класични серии – од култни италијански авантуристички и вестерн наслови, до американски, француски и јапонски стрипови објавени во текот на…
Претседателот Доналд Трамп вели дека сака новиот триумфален лак што би бил како порта кон Вашингтон, да биде „најголемиот од сите“ во светот, иако предложената локација се наоѓа по патека за летање кон блискиот Национален аеродром Реган во Арлингтон, Вирџинија, пренесува Си-Би-Ес Њуз. Дизајнот продолжува да се усовршува, а претседателот рече дека ќе биде поголем од Триумфалната капија во Париз, која е висока 50 метри, според функционер на Белата куќа. „Вашингтон пост“ објави за време на викендот дека претседателот сака да изгради лак од 76 метри, усогласен со 250-годишнината од земјата, што би го надминало дури и највисокиот триумфален лак…
Бојата силно влијае на нашето расположение и чувствата што ги имаме додека сме дома, а една боја не е пожелна во домот бидејќи го нарушува животот и доброто расположение. Дневната соба е срцето на секој дом, место каде што поминуваме време со семејството и пријателите, се релаксираме и создаваме спомени. Правилното уредување на домот и изборот на бои за овој простор може значително да влијаат на атмосферата и функционалноста на просторот. Еве неколку совети за тоа како да ги изберете боите што најдобро ќе одговараат на вашата дневна соба. Разбирање на психологијата на боите Боите имаат силно влијание врз нашето…
Милиони гледачи го следеа завршниот викенд од ЕХФ ЕУРО 2026, претворајќи ги натпреварите за медали во едни од најгледаните ракометни мечеви на сите времиња.Натпреварите за медали на машкото ЕХФ ЕУРО 2026 понудија вистински спектакл на теренот – а возбудата натера милиони гледачи низ Европа да ги следат овие битки. Данска стигна до златото со убедлива победа над Германија (34:27) во големото финале во Хернинг, додека Хрватска го освои бронзениот медал по триумфот над Исланд (34:33).Германската телевизија ZDF објави гледаност од 12,82 милиони и удел на пазарот од 50,8 проценти за финалето. На европско ниво, ова се најдобрите ракометни ТВ-рејтинзи во…
На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски.„Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред публиката се разоткрива човечката слабост, но и она што останува од човекот кога идеологијата ќе го проголта.Вистинските „црнила“ не се историски, туку антрополошки — тие се појавуваат таму каде што човекот ја губи способноста за сопствено мислење и морален…
Највисокиот спортски функционер на Европската Унија, Глен Микалеф, остро реагираше на предлогот на Џани Инфантино, претседател на ФИФА, кој се изјасни за враќање на руските тимови на меѓународните натпреварувања.По руската инвазија на Украина, воена операција од големи размери што започна во февруари 2022 година, руските фудбалски тимови беа исклучени од меѓународните машки натпреварувања. Четири години подоцна, фудбалскиот број еден, Џани Инфантино, претседател на ФИФА, ја отвори вратата за нивно повторно воведување.„Јас сум против забраните, исто така сум против бојкотите“, рече тој, тврдејќи дека тие „генерираат повеќе омраза“ и дека „оваа забрана не постигнала ништо“. Како почеток, тој предложи укинување на…
