Автор: Редакција
Најмалку 46 лица загинаа во поплавите што ја зафатија југоисточната бразилска сојузна држава Минас Жераис, соопшти државната противпожарна служба вчера. Поплавите принудија околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови во градовите Жуиз де Фора и Уба. Откако дождовите стивнаа во вторникот, локалните власти и волонтери започнаа со расчистување на теренот со помош на жителите кои останаа без домови и ги загубија своите најблиски. Градоначалничката на Жуиз де Фора, Маргарида Саломао, ги повика жителите што живеат во ризични подрачја да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште во центрите што ги отвори општината. Градот и натаму е во состојба…
Жозе Мурињо го одбележа своето враќање во Реал Мадрид по 4.652 дена со потег што е типичен за него, пркосен чин во кој ги избегнуваше медиумите и јавноста, пишува Дејли Меил. Тренерот на Бенфика, кој беше суспендиран од клупата поради црвен картон во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите, не го гледаше реваншот од своето одредено место на трибините, туку се скри на мистериозна локација.Наместо очекуваната средба и поздрав со навивачите, Мурињо го гледаше целиот натпревар, во кој неговиот тим беше поразен со 2-1 и елиминиран со вкупен резултат 3-1, од автобусот на тимот. Според шпанската Марка, Португалецот…
Денеска се навршуваат дваесет и две години од смртта на поранешниот претседсател на Македонија, Борис Трајковски. Тој трагично го загуби животот во авионска несреќа со владиниот авион во Босна и Херцеговина. Во несреќата, покрај Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, како и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски денеска ќе биде одбележана во Скопје, во Струмица и во Ротимље. Анионската несреќа, се случи на 26 февруари 2004 година во…
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание. Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли. Нејзината препознатлива фризура…
Во текот на зимата, многумина од нас имаат тенденција да избираат облека во темни бои. Сепак, белите панталони можат да бидат зачудувачки и елегантен дел во зимскиот стил, нудејќи свежина и стил во време кога модата обично се поврзува со темни бои. Особено овие сончеви денови во текот на зимата се можност да ја вклучите белата боја во вашиот зимски стил, создавајќи пролетни комбинации, дури и ако температурите се ниски наутро и навечер. View this post on Instagram A post shared by Katie Peake (@_katiepeake) Со вистинските парчиња облека, можете да создадете импресивни комбинации со бели панталони. Еден начин е…
Пелистер освои бод на гостувањето кај ГОГ, после неверојатен пресврт се избори за конечни 28-28. Македонскиот првак одигра лошо во првото полувреме и на почетокот на второто, но успеа да се консилидира, а голема помош имаше од искусниот репрезентативен голман, Никола Митревски, кој запиша 13 одбрани.Тренерот Стевче Алушовски мора да биде задоволен, бидејќи неговите момци покажаа карактер, а тој успеа да дојде до првиот бод во ЛШ после поразот од Висла Плоцк.“Направивме неколку грешки во првото полувреме, но нашата игра значително се подобри по паузата. Особено во играта 7 на 6 покажавме голем квалитет. Постигнавме многу голови преку силна и…
Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски.Ова ќе биде втор извештај за земјата од 2022 година по тој минатата година, кој беше усвоен од ЕП. Вајц во појаснувачката изјава во нацрт-извештајот нагласува дека оваа година има…
Кубанските сили убија четири лица и ранија шест други кои впловија во кубанските води со глисер регистриран во Флорида и отворија оган врз кубанска патрола, соопшти кубанската влада во време на зголемени тензии со САД. Министерството за внатрешни работи на Куба соопшти дека групата била составена од антивладини Кубанци, од кои некои претходно биле барани за планирање напади. Тие дошле од САД облечени во камуфлажна облека и вооружени со автоматски пушки, пиштоли, рачно изработени експлозиви, балистички елеци и телескопски нишани. Дополнителен осомничен Кубанец е приведен на кубанска територија во врска со заговорот, се вели во соопштението. „Според прелиминарните изјави од притворените,…
Државната лабораторија за животна средина набави нов инструмент со кој во иднина ќе може да анализира тешки метали во почва, вода и воздух. Како што информираат од Министерството за животна средина, Лабораторијата со ICP-MS инструментот ќе ги унапреди своите аналитички капацитети и можностите за анализи. Лабораторијата ја обнови акредитацијата за наредните четири години за вкупно 20 методи, од кои една за мерење на амбиентална бучава и 19 за индустриски отпадни води и за површински води, Сепак, оваа државна институција се уште нема ниту една акредитација за мерење на загадувањето во воздухот, а министерот за животна средина Муамет Хоџа, најави дека…
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, беше итно хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар на Србија поради пневмонија. Докторите велат дека состојбата на Дачиќ е многу сериозна и дека тој е на интензивна нега на механичка вентилација, односно на респиратор. Се работи за билатерална пневмонија, а лекарите се борат за неговиот живот. Според пулмологот Спасоје Попевиќ ситуацијата е подобра отколку кога бил примен, а следните 72 часа ќе бидат клучни. „Тој моментално е на механичка вентилација – вентилатор, добива сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој вентилатор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие…
