Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»САД ги укина санкциите против Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ
    Регион

    САД ги укина санкциите против Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ

    29/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ги отстрани Милорад Додик, претседателот на Алијансата на независни социјалдемократи, како и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на БиХ, од листата на санкции, пренесува Српскиот Н1.

    Претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници исто така беа отстранети од листата. OFAC веќе двапати го санкционираше Додик, поради анти-Дејтонски активности.

    Покрај Додик, 48 физички и правни лица, кои претходно беа санкционирани во рамките на Програмата за санкции за Западен Балкан, беа отстранети од листата на санкции, пишува Радио Слободна Европа.

    Соединетите Американски Држави редовно ги преиспитуваат своите санкции за да се осигурат дека тие ги промовираат економските цели на САД, како и целите на националната безбедност и надворешната политика, што е случај и овде, рече тој.

    „Конструктивната акција на Народното собрание на Република Српска во последните недели треба да го подобри нивото на стабилност во Босна и Херцеговина и ќе овозможи партнерство со Соединетите Американски Држави врз основа на заеднички интереси, економски потенцијал и заеднички просперитет. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со политичките и другите актери од целиот политички спектар во Босна и Херцеговина со цел да промовираме заеднички приоритети“, се наведува во одлуката.

    Пред десет дена, OFAC отстрани од санкционираниот список четири лица од ентитетот Република Српска, кои беа воведени за организирање на прославата на 9 јануари, неуставниот Ден на Република Српска.

    Станува збор за санкции за Данијело Драгичевиќ, Јелена Пајиќ Баштинац, Дијана Миланковиќ и Горан Раковиќ.

    Минатиот декември, властите на РС потпишаа договор со американската адвокатска фирма „Zell & Associates International Advocates“ за лобирање во САД за укинување на санкциите против Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ, промовирање на дијалогот меѓу РС и администрацијата на Доналд Трамп, преиспитување на Дејтонскиот договор и улогата на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

    Според документот за регистрација до кој Радио Слободна Европа имаше пристап, адвокатската канцеларија ќе ги постигне овие цели на територијата на САД преку комуникација со претставници на локалните извршни и законодавни власти, како и со невладиниот сектор.

    Досега, договорите на РС со лобистички и адвокатски фирми во САД беа главно фокусирани на промоција на инвестиции и правни совети, а овие услуги чинеа неколку десетици илјади долари месечно.

    Поврзани вести

    Во Скопје ќе се одржи 24-часовен маратон за цртање стрип

    08/11/2026

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Хороскопски знаци кои не поднесуваат неред: домот мора да им биде совршено чист

    Една од најголемите актерски икони за бракот со славниот режисер: „Застрашувачки. Не беше свесен колку бес има во него“

    Тие не толерираат неправда: Хороскопски знаци кои се борат за подобар свет

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.