Автор: Редакција
Денес се навршуваат 62 години од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки.„Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите и Кино клубот „Милтон Манаки“, секоја година традиционално го организира ова чествување со полагање на цвеќе, со што му ја оддаваме почитта нивна, односно преку местото каде што почива Милтон“ рече Стефан Хаџиандоновски, претседател на Клубот „Студио Милтон Манаки“.Во негова чест, на Влашките гробишта во Битола, свежо цвеќе положија, во име на Општина Битола градоначалникот Тони Коњановски и други делегации, вљубеници во филмската уметност и нивното кинематограферско дело.„Големото Манакиево…
Основното јавно обвинителство Скопје бара продолжување на мерката краткотраен притвор за Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена која заедно со нивното шестгодишно дете падна од балкон во скопската населба Карпош. Од Обвинителството велат дека предлогот за определување нов 48-часовен притвор е доставен бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, а се обезбедуваат и се анализираат видеозаписи од повеќе критични локации. Исто така, велат дека се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена. „Дополнително се преземаат и други дејствија…
На 08 април 2026 година националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, во 20:00 часот во Македонскот народен театар, го најавува својот традиционален Велигденски концерт.„Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде традицијата се среќава со современиот израз. Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ве поканува на својот традиционален Велигденски концерт, со насловот „Велигденско празнување“ кој оваа година носи посебна порака и енергија поврзано со моќното мотото на новата концертна сезона „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“ „Танец“ ќе претстави програма која е мост помеѓу вековното наследство и модерниот сензибилитет, најавува организаторот.Очекувајте…
Џорџ Буш и „Пустинска бура“ во Ирак, Бил Клинтон и „Сојузничка сила“ во Сојузна Република Југославија, Џорџ Буш помладиот и „Ирачка слобода“ – ќе остане ли Доналд Трамп запишан во историските книги преку операцијата „Епски бес“ во Иран?, пренесува Би-Би-Си Србија. Воздушните напади на американската и израелската војска врз Иран и убиството на врховниот лидер, ајатолахот Али Хаменеи, потпалија ново буре барут на Блискиот Исток. Иранците одговорија со напади врз американски бази низ целиот регион, врз Израел, но и врз други цели во земјите од Блискиот Исток. Американскиот претседател на 3 март изјави дека акцијата може да трае четири до…
Дерби пресметката со актуелниот лидер Вардар доаѓа во вистински момент за шампионот Шкендија. Тетовскиот тим е во одлична пролетна серија, победи на сите натпревари во вториот дел од сезоната, ги заврши настапите во Европа, и сега максимално може да се фокусира кон домашниот шампионат. Свесни се и од таборот на тетовскиот тим дека ако сакаат да ја одбранат титулата, дека ќе мора да бркаат победа на денешниот дерби меч. Во моментов разликата е четири бодови, а од таборот на Шкендија се свесни дека ова е шансата да му се доближат на ривалот за шампионскиот трофеј, и во последниот дел од…
Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“ Со изведбата на „Кец на десетка“, на 5 март во 20 часот, свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.Репертоарската претстава на МНТ, која веќе девет години континуирано ја освојува публиката, носи сценска свежина, колективна актерска синергија, препознатлива динамика, духовитост и непосредна комуникација со гледачите. Токму оваа искрена и топла театарска естетика, симболично ќе ја отвори театарската програма на „Кичево – Град…
Американката Британи Алин одлучи да го прослави својот 40-ти роденден на необичен начин – со тоа што се омажи за себе. Таа потроши повеќе од 35.000 евра на раскошна церемонија и викенд прослава во аристократски имот во Англија, а покани и 35 од нејзините најблиски пријатели и членови на семејството. Нејзината цел, вели таа, била „периодот на влегување во нејзината петта деценија, кој го доживеала како застрашувачки, да го претвори во момент на оптимизам и моќ“. „Не сакав да бидам депресивна“ Оваа инфлуенсерка од Њујорк откри како дошла до идејата за оваа прослава. View this post on Instagram A post…
Жители на виничкото село Блатец повеќе од една деценија се борат за да ја зачуваат својата река Блатешница од изградба на мала хидроцентрала. Тие велат дека животот во селото, во кое живеат над 1.200 жители зависи од водата во реката која ја користат за пиење и за наводнување на нивите. Градинарството и призводството на јагоди, пченка и компир се главните дејности кои ги одржуваат овие домаќинства и кои се директно зависни од пристапот на вода. Жителите стравуваат дека со изградбата на мала хидроцентрала и заробувањето на водата во цевка и кај нив ќе се повторат сликите на опустошени речни корита,…
Во секоја компанија има барем едно лице кое е совршено опуштено околу шефот. Тие секогаш знаат кога да пофалат одлука, се првите што одговараат на дополнителна задача и никогаш не забораваат да испратат „само брз е-мејл“ со комплимент. Дали е тоа чиста амбиција, инстинкт за преживување во корпоративната џунгла или нешто што, според астрологијата, е едноставно во ѕвездите? Ако го прашате вашиот хороскоп, некои знаци имаат природен талент за ласкање – или, како што сакаат да кажат, „стратешко градење односи“. Лав Лавот не ласка тајно. Тој го прави тоа отворено, гласно и со насмевка. Ако мисли дека неговиот шеф е…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не го криеше своето незадоволство од лошиот настап на неговите избраници на синоќешното гостување кај Њукасл, во рамките од новото коло во Премиер лигата, кое патем „Ѓаволите“ го загубија со 2:1.Иако Јунајтед играше со играч повеќе цело полувреме, тоа домаќините не ги спречи да одиграат фајтерски, со срце и да дојдат до трите бода на крајот.„Не сме задоволни од начинот на кој игравме вечерва. Имавме голема контрола на натпреварот, но мора да му оддадеме признание на Њукасл за нивниот пристап. Знаевме дека ќе биде тешко, но се најдовме во позиција каде што можевме да…
