Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Џада Пинкет Смит ја покажа својата луксузна вила само неколку дена по пожарот

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Со несопирлива театарска динамика и 100 изведби зад себе МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево-Град на културата 2026“
    Култура

    Со несопирлива театарска динамика и 100 изведби зад себе МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево-Град на културата 2026“

    05/03/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“

    Со изведбата на „Кец на десетка“, на 5 март во 20 часот, свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.

    Репертоарската претстава на МНТ, која веќе девет години континуирано ја освојува публиката, носи сценска свежина, колективна актерска синергија, препознатлива динамика, духовитост и непосредна комуникација со гледачите.


    Токму оваа искрена и топла театарска естетика, симболично ќе ја отвори театарската програма на „Кичево – Град на културата 2026“ , манифестација која во текот на годинава најавува реализација на 150 настани – концерти, изложби, фестивали, книжевни средби, филмски и мултимедијални проекти. Со тоа, градот ја степенува важноста на културата пред домашната и регионалната публика.

    Со гостувањето на „Кец на десетка“, театарската уметност станува првиот гласник на оваа целогодишна прослава на културата и најавува година исполнета со разновидно живо творештво.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Џада Пинкет Смит ја покажа својата луксузна вила само неколку дена по пожарот

    27/11/2026

    Родителите често ги прават овие пет грешки без да сфатат дека им нанесуваат штета на своите деца

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад со индиректно гласање за нов парламент

    Поплавите го извадија ѓубрето од реките

    Владата со остра осуда за палењето возила кај бугарската амбасада во Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.