Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Обвинителството бара продолжување на притворот за сопругот на починатата жена од Карпош, се вештачат телефони и видеоснимки
    Македонија

    Обвинителството бара продолжување на притворот за сопругот на починатата жена од Карпош, се вештачат телефони и видеоснимки

    05/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Скопје бара продолжување на мерката краткотраен притвор за Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена која заедно со нивното шестгодишно дете падна од балкон во скопската населба Карпош.

    Од Обвинителството велат дека предлогот за определување нов 48-часовен притвор е доставен бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, а се обезбедуваат и се анализираат видеозаписи од повеќе критични локации.

    Исто така, велат дека се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена.

    „Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов“, велат од Обвинителството.

    Пред два дена на Јовановски му беше определен краткотраен притвор од 48 часа за, како што посочија од Обвинителството, обезбедување докази во однос на сомненијата и за да се извршат вештачења, анализи на камери, известувања од претрес и други дејствија.

    Јовановски е осомничен за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

    За јовановски од МВР рекоа дека и досега ѝ бил познат на полицијата по дела поврзани со насилство и други криминални активности.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека против Стојанче Јовановски во изминатите години скопската полиција поднела вкупно 10 кривични пријави за дела од областа на насилниот криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Скок“ од девет места на Лина Ѓорческа на ВТА-листата

    (Видео) Се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија, две земји од регионот одат во финале

    ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.