Автор: Редакција
На својот фејсбук-профил Петровска по завршување на конгресот напиша дека последниот изборен резултат претставува катастрофа што не може да се третира како изолиран случај, туку како логична последица на долгогодишното отсуство на отворена дебата и сериозна анализа на поразите на изборите во 2021 и 2024 година, како и на резултатот од парламентарните избори во 2020 година.Таа предупреди дека повторувањето на истите грешки може да има кобни последици за партијата, додавајќи дека иако социјалдемократијата како идеја останува жива, СДСМ без суштинска промена во начинот на функционирање ризикува постепено да биде турнат на маргините, па дури и целосно да исчезне од политичката…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе воведе 100 отсто царина на сите канадски увозни производи што влегуваат во САД доколку Канада го спроведе трговскиот договор со Кина, пренесува Политико. „Ако гувернерот Карни мисли дека ќе ја направи Канада „пристаниште за враќање“ за Кина да испраќа стоки и производи во САД, тој е во голема грешка“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи, подбивно нарекувајќи го премиерот Марк Карни „Гувернер“, потсетувајќи на прекарот што го имаше за поранешниот премиер Џастин Трудо. „Кина ќе ја изеде Канада жива, целосно ќе ја проголта, вклучително и уништување на нивните бизниси, општественото ткиво и општиот…
Со стоечки аплаузи делегатите на СДСМ го поздравија партискиот лидер Венко Филипче кој се обрати на почетокот на 31. партиски Конгрес. Филипче во воведното обраќање се осврна на моменталната ситуација во државата, за кондицијата во која се наоѓа власта, како и за внатрепартиските превирања. Најави дека СДСМ излегува на терен и порача дека нема да дозволи партијата да се поткопува одвнатре. „Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој и мисли добро на државата, но дозволете да испратам порака до оние кои мислат дека може да седат две столчиња, оние кои…
„Ние нудиме нешто друго, ниво, поинаку. Мора да понудиме засолништето од ова лудило. Нашата платформа и програма е договор со секој граѓанин. Ние нудиме економија на достоинство, економски патриотизам, економски модел во кој централна фигура е човекот и неговите потреби. Економска стратегија која се фокусира на тоа како парите кои вие ги плаќате во буџетот да се вратат повторно кај вас, преку повисоки плати, подобро образование, подобро здравство, повисоки пензии“, додаде претседателот на СДСМ. Пред присутните, Филипче подвлече дека СДСМ се залага, не само за едноставна мала плата, туку за достоинствена плата за живот. „Систем каде што профитот не е…
„Испратени се два дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година, а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните пратеници, по што ќе формираме работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборниот законик“, посочи Филков.Изборниот законик, нагласи, е законско решение кое од моментот на неговото донесување, заклучно со овие избори има претрпено околу 40-на измени кои заради нивниот парцијален пристап создаваат неконзистентност на целиот закон.„За негово носење потребен е политички консензус од сите партии“, додаде Филков.
Светскиот рекет број два, Јаник Синер, со многу мака стигна со 1/8 финалето на првиот гренд слем турнир сезонава, Австралија Опен.Синер беше подобар во оваа фаза од Елиот Спицири со 4:6, 6:3, 6:4, 6/4, и некако влезе во следната веќе може да се каже завршна фаза на овој турнир.Иако на претходните два меча Синер мина доста добро, бранителот на титулата овојпат сериозно се намачи. Пред се физички. Во третиот сет видно истоштен Синер.Италијанецот повраќаше, и се виде дека не се чувствува најдобро. Имаше и грчеви, речиси не беше во состојба да продолжи. По кратката пауза мечот продолжи и Синер што…
Кир Стармер упати критика до Доналд Трамп за неговите „навредливи и ужасни“ забелешки за британските трупи во Авганистан и предложи тој да се извини, пренесува Гардијан. По една недела на нестабилни односи со Белата куќа, Стармер рече дека не е изненаден што роднините на британските војници убиени во Авганистан биле повредени од тврдењето на Трамп дека ја избегнале фронтовската линија. Критичната интервенција на Стармер означува ескалација на тензиите со администрацијата на Трамп откако претседателот претходно во текот на неделата ја критикуваше Велика Британија за откажување од островите Чагос на Маврициус. Во петокот вечерта, владата беше принудена да го одложи својот…
СпортСпорт во Анталија, Огнен ДојчиновскиНема фудбалер кој што нема да ви каже дека зимските подготовки се лесни. Едноставно така мора да биде. Тренажниот процес во овој дел од сезоната е на такво ниво, да тренинзите се така интензивни, напорни и со згуснат распоред, да се се сведува на работа, одмор, работа….По таков терк работи и тимот на Вардар кој што во моментов е на своите базични подготовки во Сиде, Турција, а тренерот Гоце Седлоски ниту има намера ниту ќе го намали темпото на силни тренинзи.
„Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните. Искрена благодарност до сите пратеници кои го поддржаа законот и покажаа дека безбедноста во сообраќајот, заштитата на човечкиот живот и јавниот интерес се поважни од дневната политика. Со оваа одлука, Собранието испрати силна порака дека државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи“, порача Тошковски.Министерот упати и благодарност до граѓаните, истакнувајќи дека токму нивното одговорно однесување во тест периодот е клучно за успехот на системот.„Посебна благодарност…
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи на Република Турција со земјите од регионот, како и за пошироките регионални прашања од заемен интерес.„Во време кога светот и регионот се соочуваат со сериозни предизвици, соговорниците ја истакнаа важноста од зајакнување на солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу членките на Балканската платформа за мир“, пишува во соопштението на МНР.На состанокот заеднички било оценето дека Балканот треба да продолжи напред со пристап кој ги зема предвид поуките од минатото, но е јасно насочен кон стабилност, соработка и заедничка иднина.
