Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Трамп смета дека САД треба да учествуваат во изборот на лидер во Иран
    Свет

    Трамп смета дека САД треба да учествуваат во изборот на лидер во Иран

    06/03/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД мора да бидат вклучени во изборот на следниот лидер на Иран и рече дека би било одлично доколку иранските курдски сили со седиште во Ирак преминат во Иран за да извршат напади врз безбедносните сили таму. Трамп во телефонско интервју за Ројтерс рече дека смета оти е малку веројатно дека следниот лидер на Иран ќе биде синот на покојниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој се појави како фаворит да го наследи својот татко, кој беше убиен во воен напад на почетокот на војната.

    „Ќе мора да ја избереме таа личност заедно со Иран. Ќе мора да ја избереме таа личност“, рече Трамп.

    Трамп, исто така, ги охрабри иранските Курди да тргнат во офанзива, зборувајќи шест дена откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во саботата. Во конфликтот загинаа повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи најмалку шест припадници на американските сили, и предизвика штета и нестабилност низ целиот Блиски Исток.
    „Мислам дека е прекрасно што сакаат да го сторат тоа, јас би бил целосно за тоа“, рече претседателот.
    Во врска со наследувањето на лидерската позиција во Исламската Република, републиканскиот претседател на САД направи паралела со Венецуела, каде што американските сили го отстранија претседателот Николас Мадуро во јануари, оставајќи ја на власт Делси Родригез, неговиот втор човек, за која Трамп рече дека „завршила прекрасна работа“.
    „Сакаме да бидеме вклучени во процесот на избор на лицето кое ќе го води Иран во иднина, за да не мора да се враќаме на секои пет години и да го правиме ова одново и одново. Сакаме некој што ќе биде одличен за народот, одличен за земјата“, рече Трамп.
    Тој не образложи откако рече дека синот на Хамнеи, Моџтаба, кој се појави како фаворит да го наследи, е малку веројатен избор.
    На прашањето дали протераниот ирански престолонаследник Реза Пахлави, син на последниот шах, е можност, Трамп рече: „Мислам дека сите се во игра. Многу е рано“.
    Кога беше прашан дали САД ќе обезбедат или понудиле воздушна заштита за иранските Курди сили кои размислуваат за интервенција во западен Иран, Трамп одговори: „Не можам да ви кажам тоа“, но додаде дека целта за Курдите би била да победат.
    Иранските курдски милиции се консултираа со САД во последните денови за тоа дали и како да ги нападнат безбедносните сили на Иран во западниот дел од земјата, според три извори запознаени со ова прашање.
    Коалицијата на ирански курдски групи со седиште на границата меѓу Иран и Ирак во полуавтономниот регион Ирачки Курдистан се обучуваше за извршување на таков напад со надеж дека ќе ја ослабне војската на земјата, додека САД и Израел ги гаѓаат иранските цели со бомби и ракети.
    Трамп, исто така, сигнализираше доверба дека главната бродска рута во близина на Иран, Ормутскиот теснец, ќе остане отворена.
    Затворањето на Ормускиот теснец, премин меѓу Иран и Оман низ кој минува една петтина од светската сурова нафта и течен природен гас, беше една од главните цели на Иран, а превозот низ клучната енергетска артерија речиси запре откако Иран нападна шест брода.
    „Тие немаат морнарица, знаете дека морнарицата сега е на дното на морето“, рече Трамп. „Го следам Ормус многу внимателно.“
    Повеќе танкери беа нападнати во водите на Заливот во четвртокот додека војната ескалираше, а ирански беспилотни летала влегоа во Азербејџан, заканувајќи се да ја прошират кризата кај повеќе производители на нафта. Цените на нафтата скокнаа откако започна конфликтот.
    Трамп рече дека не е загрижен за зголемувањето на цените на бензинот. „Тие ќе паднат многу брзо кога ова ќе заврши. И ако пораснат, ќе пораснат. Но, ова е многу поважно отколку цените на бензинот малку да пораснат“, рече тој.
    Трамп рече дека нема да предвиди колку долго ќе трае конфликтот, но рече дека се движи брзо. „Би рекол дека се движи пред предвиденото и многу посилно отколку што некој би очекувал“, рече Трамп.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Хајди Клум воодушеви во неверојатниот костим на Медуза на забавата за Ноќта на вештерките

    Силекс сака нова победа во битката за третото место, Брера доаѓа со свои планови во Кратово

    „Макавеј“ го објави новиот роман „Волкот“ од Константин Дораковски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.