Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување
    Македонија

    Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

    05/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Кривичниот суд Скопје ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, во чиј подкаст гостинот раскажуваше за злоставување и силување девојка.

    Првично, двајцата добија осудителна пресуда во Кривичниот суд Скопје, но по поднесените жалби, судии од кривичниот оддел на Апелацискиот суд Скопје ја укинаа пресудата и ја вратија на повторно судење.

    Во контроверзниот разговор Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров се смееја на насилството. Подкастот беше емитуван на 14 февруари 2023 година.

    ​Од Судот за „СДК“ потврдија дека во повтореното судење, судијката Дијана Груевска-Илиевска донела ослободителна пресуда. Двајцата се ослободени согласно член 403, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка. Според наведениот член, делото за кое се обвинети не е кривично дело.

    Обвинителот Даниел Коцев ќе поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје.

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје пред надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров за кривично дело Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г, став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата се обвинети дека преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство врз жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност кај јавноста.

    ​Беа изречени и мерки за обезбедување присуство на обвинетите. Истиот овој суд што сега донесе ослободителна пресуда, претходно му го одзеде пасошот на Латас.

    ​Граѓанските организации за заштита на човековите права остро го осудија интервјуто емитувано на Јутјуб-каналот на Лазаров како поттикнување на кривичното дело Родово базирано насилство и ги повикаа компаниите што се рекламираат во подкастот на Лазаров да ги повлечат рекламите поради содржините во кои се одобрува и се повикува на насилство.

    По интервјуто, Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија го осудија говорот со кој се поттикнува насилство и се стимулира родова дискриминација.

    Поврзани вести

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    На полноќ почнува изборниот молк пред локалните избори

    Во Собранието интервјуа со кандидатите за претседател на ДКСК

    Аријанит Хоџа: ДУИ е веќе реформирана партија, нереформираното ДУИ остана во Вреди

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.