Автор: Редакција
Дали Новата година ќе ја дочекаш на луда журка, во ексклузивен ресторан или мирно дома со најблиските? Астрологијата открива како секој хороскопски знак најмногу сака да се забавува во најдолгата ноќ во годината – од разузданите Овни до мирните Ракови. Овен – сака луд, разуздан помин и журки до зори, често со многу алкохол. Бик – ужива во гурмански дочек, во ресторан или дома со блиските. Близнаци – секоја година избираат нешто поинакво; патувања, големи прослави или дочек на улица. Рак – најсреќен е дома, со семејството, добра храна и мирна атмосфера. Лав – се подготвува со месеци и избира…
Почитувани читатели,Денеска заокружуваме уште една спортска година и чекориме кон прагот на 2026 година. И во изминатите 365 дена токму спортот беше она што ни ги полнеше срцата со искрена, неповторлива среќа. Заедно се радувавме на победите, заедно ги живеевме поразите – затоа што спортот најдобро нè обединува.И во оваа 2025 година нашите страници беа исполнети со емоции, приказни и моменти што остануваат запаметени. Се трудевме да го доловиме секој важен спортски миг и секоја приказна што заслужува да биде раскажана. Така ќе продолжиме и во 2026 година – со истата страст, одговорност и љубов кон спортот.Тимот на СпортСпорт ви…
Ја испраќаме и 2025-тата со историски резултати и успеси за македонскиот спорт, помалку или повеќе успешни настапи на нашите спортисти на меѓународната сцена, домашни првенства, клупски настапи, резултати за паметење.„СпортСпорт“ ја завршува оваа година со задоволство од уште една заеднички мината животна етапа, исполнета со многу предизвици, убави моменти на спортските терени, заедно со нашите спортисти, тренери и спортски работници, но и заедно со вас, нашата верна читателска публика.Ви благодариме за довербата и за тоа што редовно го посетувавте нашиот новинарски дома на убави (и малку понеубави) спортски приказни, вести, информации… За крај на календарската година направивме редовен избор од…
Вардариште ќе почне поинтензивно да се чисти по празниците, а до крајот на идната година ќе треба да се реши и престојувалиштето на луѓето кои живеат на депонијата. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се сретна со претставници на иницијативата „Стоп за Вардариште“ на која вети дека планира да го интензивира површинското чистење на депонијата, но конечното решавање на деценискиот проблем ќе зависи од Министерството за социјална политика кое треба да им најде дом на луѓето кои престојуваат таму. „На Вардариште има помалку површински отпад, но состојбата сè уште не е целосно санирана. Проблем е што депонијата ја обезбедува само еден…
Премиерот Христијан Мицкоски им ја честита Новата година на граѓаните преку видеообраќање, во која како што вели изминатата година била „тешка и исполнета со сериозни предизвици“, нагласувајќи дека државата најпрво морала да помине низ фаза на стабилизација. Според него, во текот на годината Владата работела „тивко, системски и одговорно“, со фокус на расчистување на наследените состојби и зајакнување на институциите. Мицкоски сподели дека донесувале одлуки кои не биле лесни, но биле неопходни за враќање на „редот, законот и одговорноста“. Во видеообраќањето, премиерот нагласи дека фокусот бил ставен на правната држава, при што биле започнати процеси за воспоставување еднаквост пред законот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во својата новогодишна честитка порача дека посакува Новата 2026 година да биде време на исчекор кон траен светски мир, заснован на меѓународното право и меѓународните институции, како и година во која државата ќе се движи кон полноправно членство во Европската Унија.Таа истакна дека целта е да се живее во амбиент на владеење на правото, демократија, економски просперитет и здрава животна средина, упатувајќи лична честитка до сите граѓани.„Лично, секому од вас му посакувам Нова година каква што најмногу сака. Среќна Нова 2026 година, сакани деца, среќна Нова година почитувани млади, среќна Нова година почитувани граѓани“, порача Сиљановска-Давкова.Во честитката,…
Еколошката новинарка Татјана Шлосберг, внука на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, почина на 35-годишна возраст, само неколку недели откако ја објави нејзината терминална дијагноза за рак, пренесува Дојче Веле. „Нашата прекрасна Татјана почина утрово. Таа секогаш ќе биде во нашите срца“, напиша семејството во соопштение објавено на профилите на социјалните мрежи на Фондацијата за библиотеката ЏФК. Покојната новинарка откри во есеј во „Њујоркер“ во ноември дека ѝ е дијагностицирана акутна миелоидна леукемија, редок и агресивен вид на рак кој е претежно чест кај лица над 60 години. Лекарите првпат биле предупредени за нејзината состојба откако го родила своето второ…
Јапонската влада изрази загриженост до Пекинг во врска со нивните воени вежби околу Тајван, во услови на тензии меѓу двете земји, кои веќе се затегнати поради коментарите на јапонскиот премиер пред речиси два месеци за непредвидена ситуација со Тајван, според Кјодо, пренесува СКМП. Ова се совпаѓа со изјавата на Јапонија дека бродови на кинеската крајбрежна стража патролирале во близина на островите Дјаоју – кои се во центарот на посебен долгогодишен спор меѓу двете земји – рекорден број денови оваа година. Токио му соопшти на Пекинг дека очекува прашањата што се однесуваат на Тајван да бидат решени мирно преку дијалог, според…
„Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво да застане на нозе. После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација. Тоа беше услов без кој не можеше да се оди понатаму“, рече премиерот. Тој нагласи дека реформите што ги отпочнале не се козметички, туку се длабински и суштински. „Таквите реформи бараат време, но тие се предуслов за функционална држава и здраво општество. Свесни сме дека за граѓаните најважно е како тоа се чувствува во секојдневниот живот“, рече…
✍ Марија КовачеваГодината што денеска полека изминува ќе остане запаметена како најтешката за Македонија. 2025 ни ја нанесе најголемата болка, ни ги распарчи срцата и нè остави во неверување.Утрото на 16 март 2025 година се разбудивме со вест од која ни застана здивот. Во пожар во дискотека во Кочани згаснаа животите на млади луѓе – деца што допрва требаше да растат, да сонуваат, да победуваат. До денеска, бројот на жртвите во оваа незапаметена трагедија достигна 63, а над 200 лица беа повредени.Сите сакавме да веруваме дека е само лош сон, дека ќе се разбудиме и болката ќе исчезне. Но, за…
