Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Возбудливо осмомартовско патување во светот на гитарата со Дејан Милевски
    Култура

    Возбудливо осмомартовско патување во светот на гитарата со Дејан Милевски

    08/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Националната установа „Охридско лето“ вчеравечер организира осмомартовски концерт на кој настапи младиот виртуоз на класична гитара Дејан Милевски, охриѓанец со меѓународна уметничка кариера.

    Магичната атмосфера во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“, Милевски ја создаде со дела од барокната елеганција и композиции од романтизмот, а вечерта ја заокружи со избор од шпанскиот и латиноамериканскиот колорит, со што предизвика воодушевување кај публиката.

    Директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски истакна дека задоволството е огромно кога покрај врвните странски уметници , „Охридско лето“ ги промовира и македонските.

    -Овој концерт е еден од низата коишто ги организираме во офф-програмата на „Охридско лето“, сè со цел, на охридската публика да ѝ овозможиме да ужива во класичната музика и вон летните месеци. По успешниот новогодишен концерт, одлучивме во пресрет на 8 Март како подарок за сите дами во Охрид да организираме бесплатен концерт што ќе им ги стопли срцата. На програмата го имаме македонскиот гитарист Дејан Милевски којшто првпат настапува во рамки на „Охридско лето“. На мое огромно задоволство, Дејан е охриѓанец кој живее и работи во Австрија. Предава класична гитара и концертира, и како директор на оваа престижна установа, ми е особена чест што овозможуваме македонски уметници да настапат на нашата програма, рече Цуцковски.

    Гитаристот Дејан Милевски има настапувано на многу концерти во САД, Германија, Италија, Австрија, Македонија… Добитник е на бројни награди на меѓународните фестивали за гитара, а неговото мајсторство врз класичната гитара несебично го пренесува на учениците од музичкото училиште „Helmut Schmidinger“ во Грац, Австрија.

    -Во црквата „Света Софија“ се враќам по 15 години. Последен пат настапив во 2011 година како ученик во ОМУ „Методи Патчев“. За мене е посебна чест да бидам дел од одбележувањето на празникот на жената со концерт. Се обидов да го доловам романтизмот, а некои дела, како што истражував, и премиерно ги изведов во Македонија, изјави гитаристот Милевски.

    Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, официјалната програма за претстојното 66. издание на фестивалот е веќе затворена и се очекува да биде промовирана во текот на април.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Белград се сеќава на Зафир Хаџиманов: музичка вечер во македонскиот КИЦ

    Одлично финале, заслужен пехар – Баскет Кам испиша историја! (ФОТО)

    Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.