Автор: Редакција
Академскиот пленум упатува јавно прашање до полицијата и обвинителството зошто не реагираат на бројните кривични дела извршени од лица кои моментално живеат во оградениот простор пред српскиот Парламент, во областа позната како Чациленд. Видео кое се прошири на социјалните мрежи покажува како поддржувач на Александар Вучиќ од Чациленд напаѓа и удира студентка, без никаква реакција од полицијата. Исто така, на една од снимките се слуша како Јанко Лангура, висок функционер на Српската напредна партија и поранешен пратеник, го извршува кривичното дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“ затоа што ги нарекол студентите од Нови Пазар „балија“, а собраните…
„Андерфест“, еден од најпрепознатливите алтернативни рок фестивали кај нас, ја најавѝ програмата за своето седмо издание! Настанот ќе се одржи во петок на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а и ова издание ветува вечер исполнета со моќна енергија, автентична музика и врвни настапи.„Андерфест“ со годините изгради статус на фестивал што ги спојува најдобрите имиња од домашната алтернативна сцена, создавајќи уникатно музичко искуство за сите љубители на рокот и неговите поджанрови.Оваа година, публиката ќе има можност да ги чуе и види LOST IN REVERIE, АУДИОЦИГЛА, ДИМИШ, ЗАНАДУ, ДЕМЕНСИ, ГОЛЕМАТА ВОДА и НОВИОТ ПОЧЕТОК – бендови кои носат…
Организацијата „Мис Универзум“ се соочува со скандал пред 74. издание на изборот за убавина, откако еден од нејзините директори јавно ја понижил мексиканската претставничка Фатима Бош (25) на настан во Тајланд. Инцидентот се случил на 4 ноември за време на пренос во живо на „Фејсбук“, кога тајландскиот бизнисмен Науат Ицарагрисил, воедно потпретседател на организацијата за Азија и Океанија, ја обвини Бош дека не ги исполнува своите промотивни обврски. „Мексико, каде си?“, праша тој Кога Бош стана, тој продолжи: „Слушнав дека не сте се согласиле да објавите сè за Тајланд. Дали е тоа вистина?“ Во еден момент им рече на натпреварувачите:…
Денеска во рамките од новото дванаесетто коло во ПМФЛ шампионатот на програмата е посебен дуел. Дуел кој што не така често се гледа во мак фудбалот. На програмата е вечното дерби помеѓу екипите на Пелистер и Вардар кој што е закажан за 17:00 часот на стадионот Петар Милошевски во Битола.Се е подготвено за овој меч. Домаќините инспирирани секогаш кога Вардар пристигнува во, а гостите пак секогаш со желба да освојат „битолски“ бодови. Имаат тие посебен шмек кога е во прашање Вардар.„Нормално дека ова е посебен меч ако се гледа историјата, традицијата, и се што двата клуба носат со себе како…
Од сегашните 768,8 милиони евра за капитални расходи, сумата за следната година се намалува на 640 милиони евра. Јавните инвестиции ќе бидат столб на економскиот развој во 2026 та – најави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Предвидени се повеќе пари за пензии, плати, социјални трансфери, пишува Порталб. Новата буџетска година според власта ќе биде стабилна и развојна а според опозицијата можно е да биде изборна, пишува „Порталб“. Капиталните расходи “стопени“, нова доза оптимизам за инфлација пониска 3% Економски раст сличен на годинешниот, стабилна инфлација од 2,5%, нови задолжувања – Министерството за финансии до Собранието го адресираше новиот Буџет…
Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк со убедлива победа над поранешниот гувернер Ендру Куомо. Со повеќе од 97% преброени гласови, Мамдани доби повеќе гласови – најмалку 1,03 милиони – од сите други кандидати заедно, вклучувајќи ги Куомо и републиканецот Кертис Слива, пренесува Гардијан. Калифорнија го усвои Предлогот 50, мерката што привремено ќе ја прераспредели државата со надеж дека ќе се спротивстави на напорите на републиканците да го сторат истото во Тексас. Новите мапи би можеле да им помогнат на демократите да освојат пет дополнителни места во Претставничкиот дом на САД. Претседателот Доналд Трамп се обрати на својата социјална…
Со трета победа по ред, екипата на Торонто на самиот старт на НБА сезоната си ги покажа силите, и амбициите кои ќе го водат тимот во следниот период.Овојпат со 128:11 беше совладан тимот на Молвоки на домашен терен.Барнс и РЏ Барет постигнаа по 22 поена, а во победничкиот тим имаше шест играчи со над 13 поени. Јанис на другата страна исто така со 22 поени, но не можеше да го спречи најголемиот пораз сезонава на Бакси.Од друга страна пак, тимотн на Чикаго направи сериозен пресврт во дуелот со Филаделфија во кој анулираше минус од неверојатно 24 поени. Никола Вучевиќ погоди…
Ѕвездата од „Еуфорија“, Сидни Свини, одлучи да стави крај на шпекулациите за нејзиниот љубовен живот. Откако ја раскина свршувачката со Џонатан Давино и неодамна беше поврзана со Скутер Браун, актерката јасно стави до знаење дека е слободна. „Слободна сум“, изјави Сидни за GQ во интервју објавено на 4 ноември. „Не мислам дека барам маж во моментов. Она што го научив оваа година е дека имам навистина, навистина одлична група пријатели и дека сум силна и независна и дека ќе бидам добро.“ Сепак, 28-годишната девојка е отворена за нова љубов, ако таа се случи спонтано. „Ако љубовта ме пронајде, ќе ме…
Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, што се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан.Во своето обраќање пред присутните министерот Љутков ја истакна заложбата на Република Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО и активното учество во реализацијата на иницијативите што ги обединуваат образованието, науката, културата и иновациите во функција на одржлив развој.„Нашата држава негува посебен респект кон УНЕСКО, организација која со своето дејствување го оправдува своето постоење преку промовирање на универзалните вредности и развојни цели од заеднички интерес.…
Галеријата „Метаноја“ најавува нова приказна во своите заложби за уметнички и книжевен придонес во културната сфера на Македонија. Од денеска, 5 ноември, 19:00 часот, два галериски салони ќе се „огледуваат“ еден во друг. Задоволството е уште поголемо што оваа приказна ќе почне да се „раскажува“ со промоцијата и изложба на новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески, „Синхроницитети – Чувари на приказната“. Авторот Трпески за своето дело пишува, „Чувари на приказната“ е друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот…
