Автор: Редакција

Во саботата, 20 декември се одржа новогодишниот вокалната уметница и интерпретаторка на традиционална музика Зарина Првасевда, со наслов “Кадифено”. Во преполната сала на Филхармонија, беше отсвирен репертоар кој вклучи македонски традиционални песни, но и песни од албанската, турската, влашката традиција, односно песни кои се дел од културата на нашите простори.Гости на концертот беа перкусионистот Ахмет Алан, како и гитаристот Џенк Ердоган, кој по неколку минутниот аплауз од публиката, повторно се вратија на бис.“Бев многу среќен на концертот, најмногу поради комуникацијата која се оствари меѓу нашите култури и традиции. Многу ми се допадна музиката која ја отсвиревме, ми се допаднаа и…

Read More

Студентски протест под мотото „Или тие или ние“ се одржа вчера во Нови Пазар. Протестот беше организиран затоа што повеќе од 200 студенти во тој град го загубија студентскиот статус, а околу 30 професори ги загубија своите работни места. Студентите тврдат дека Универзитетот системски се урива. Митингот помина мирно, без инциденти, со минимално присуство на полиција. Протестот започна пред Државниот универзитет, по што учесниците се движеа низ градските улици, а заврши на Градскиот плоштад. За време на протестот, се одржаа низа форуми и говори на студенти и професори, како и гости од други универзитети од Србија. Во текот на денот, учесниците блокираа…

Read More

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, денес објави дека се очекува повеќе од 100.000 деца и 37.000 бремени и доилки во Појасот Газа да страдаат од акутна неухранетост до април следната година. Неговата изјава дојде откако агенциите на Обединетите нации објавија извештај за Интегрираната класификација на фазите на безбедност на храната, во кој предупредија дека најмалку 1,6 милиони луѓе во Газа се соочуваат со високо ниво на акутна несигурност на храната до средината на април 2026 година. Тој предупреди дека, во најлоши сценарија, вклучително и обновен конфликт и прекин на хуманитарната помош, целиот Појас Газа би можел да…

Read More

Главниот помошник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, во неделата изјави дека промените направени од Европејците и Украина во предлозите на САД за прекин на војната во Украина не ги подобрија изгледите за мир. Предлозите подготвени од САД за прекин на речиси четиригодишната војна, кои протекоа во медиумите минатиот месец, предизвикаа загриженост кај Европа и Украина дека се премногу наклонети во корист на Русија и дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да го натера Киев да направи премногу отстапки. Оттогаш, европските и украинските преговарачи се сретнаа со претставниците на Трамп во обид да…

Read More

Им треба само тон на гласот, мали промени во однесувањето или нелогични детали за да сфатат дека вистината не е целосна. Додека некои луѓе веруваат на зборови без многу преиспитување, постојат хороскопски знаци кои речиси инстинктивно чувствуваат дека нешто не е во ред. Нивната способност да читаат меѓу редовите често ги изненадува оние околу нив, особено затоа што ретко прават грешки во своите проценки. Подолу, истакнуваме три хороскопски знаци кои се најбрзи во препознавањето лаги. Шкорпија Шкорпиите се познати по нивната исклучително изострена интуиција и способност да ги „читаат“ луѓето. Речиси е невозможно да продадат неубедлива приказна бидејќи брзо ја…

Read More

Кампањата ќе трае до 9 јануари, а гласањето е закажано за 11 јануари. Со право на глас се над 128 илјади гласачи.За повторените избори се пријавија пет партии и коалиции и еден независен кандидат.Во Гостивар кандидат на коалицијата Вреди е довчерашниот градоначалник (во два мандата) на ДУИ на општината Невзат Бејта.  , каде што искусниот политичар Невзат Бејта се враќа на сцената. Негов противкандидат е Ваљбон Лимани од Националната алијанса за интеграција (НАИ), коалицијата на ДУИ.Во Врапчиште пријавени се тројца кандидати: Исен Шабани – кандидат на НАИ, Зули Демири – кандидат на Алијансата за Албанците и Зулхајрат Демири – кандидат…

Read More

Премиерот нагласува дека од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме домашната задача.На состанокот биле присутни министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, министерките за енергетика и за финансии, Сања Божиновска и Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за економија Бесар Дурмиши и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Read More

Поради маглата која и денеска е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 и да пренасочат еден лет, информираат од аеродромот. „По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург. Согласно со временската прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во преостанатиот дел од денов, како и во текот на утрешниот ден“, посочуваат од ТАВ Македонија. Информираат дека, со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано…

Read More

Утрово во Градскиот парк во Скопје бил уапсен нигериец со американски пасош бидејќи нападнал полицаец. Странецот носел пиштол за кој не поседувал дозвола, а кон полицајците се однесувал агресивно и ги попречувал во извршувањето на службената должност. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 21 декември во 4,30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, со американски пасош и лична карта поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. „При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол глок, две рамки…

Read More