Автор: Редакција

Извршниот директор на „Тесла“, Елон Маск, доби одобрение од акционерите за најголемиот пакет за корпоративни плати во историјата, бидејќи инвеститорите ја поддржаа неговата визија за претворање на производителот на електрични возила во гигант за вештачка интелигенција и роботика. Предлогот беше одобрен со поддршка од над 75 отсто, а Маск скокна на сцената на годишниот состанок на компанијата во фабриката во Остин, Тексас, во придружба на танцувачки роботи. Маск, кој веќе е најбогатиот човек во светот, би можел да добие акции од дури 1 билион долари во текот на следната деценија, иако потребните плаќања би ја намалиле вредноста на 878 милијарди…

Read More

Некои хороскопски знаци едноставно не можат да останат рамнодушни кога ќе се соочат со неправда – тие се раѓаат со внатрешен компас што ги тера да реагираат и да се борат за подобар свет. ♈ Овен Овните реагираат веднаш кога ќе видат неправда – не калкулираат, не молчат и не се кријат зад тишина. Тие имаат силно чувство за чесност и не поднесуваат кога некој злоупотребува моќ или ги гази послабите. Нивната борба за правда е директна и гласна, често инспирирајќи и други да проговорат. ♏ Шкорпија Шкорпиите прво ја анализираат ситуацијата, ги истражуваат мотивите, па дури потоа ја разобличуваат…

Read More

Се мијат плоштадот Македонија и кејот на Вардар, а започна и чистење на депонијата Варадриште, која, според новиот градомначалник Орце Ѓорѓиевски ќе биде нова зелена површина. Тој, синоќа, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, сите скопски градоначалници и со јавните претпријатија, ја започна првата активност од својот мандат, чистењето на главниот град за 72 часа. На паркинзите пред салата „Борис Трајковски“, Ѓорѓиевски ја собра сета механизација и работници кои ќе учествуваат во акцијата, направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат градот. „Ги мобилизираме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека е можно Скопје да биде чист, достоинствен…

Read More

По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели:„Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“Следуваат кадри од детството на Џексон, неговите легендарни настапи и видеа, меѓу кои и „Трилер“, додека во позадина свири хитот „Вана би стартин самтинг’“ од 1982 година.Филмот го прикажува патот на Џексон од детска ѕвезда до светска икона, со…

Read More

Пред бројна публика во македонскиот Културно информативен центар во Загреб беше отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност којшто македонскиот КИЦ го реализира во соработка со издавачката куќа ,,Македоника литера“ .Фестивалот го отвори директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека, целта на Фестивалот е да ја покаже важноста на книжевниот превод како уметнички и творечки чин и како поттик за книжевна размена и културен дијалог. Фестивалот е осмислен како простор за разговор, соработка и нови инспирации на авторите, преведувачите, издавачите и читателите. Тој е отворена културна прилика да им оддадеме признание на…

Read More

Белгискиот Совет за национална безбедност ќе одржи итен состанок откако неидентификувани дронови покренаа безбедносни сомнежи, објави Гардијан.  Во вторник навечер, пристигнувањата и поаѓањата на аеродромот во Брисел, најпрометниот во земјата, беа прекинати неколку часа. Полицијата и армијата забележале четири дрона над воената база Шафен кај градот Диест. Белгиските власти веќе истражуваат неколку прелети на дронови над воени бази, меѓу кои и Клајне-Брогел, каде што се наоѓаат F-16 авионите на Белгија и каде, според медиумите, се чуваат американски нуклеарни боеви глави. Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен изјави пред парламентот дека инцидентите изгледаат координирани. „Ова не е случајна активност, има повеќе…

Read More

По се она што се случи вчера на “Дербито на Македонија“, во кое Вардар како гостин го победи Пелистер со 1:2, утринава со реакција во врска со неколку работи, се огласи и раководството на ФК Пелистер.Не е наше да коментираме, затоа го имате соопштението во целост:“ФК Пелистер ја известува јавноста дека дел од столчињата и трибинскиот простор на јужната трибина, каде што се наоѓаа навивачите на Вардар на натпреварот Пелистер – Вардар на 5 ноември се оштетени и сквернавени. Заради заштита на нашиот стадион во иднина нема да дозволиме присуство на гостински навивачи на стадионот „Петар Милошевски“.Исто така сакаме да…

Read More

Камила Меконахи (42) го прослави 56-тиот роденден на својот сопруг Метју Меконахи објавувајќи црно-бела фотографија од него без маица на Инстаграм. Нарекувајќи го „светлината на мојот живот“, таа му испрати трогателна порака што ги остави нејзините следбеници во воодушевување. View this post on Instagram A post shared by Camila Alves McConaughey (@camilamcconaughey) „Денес ќе те славиме тебе! Но, навистина секогаш го правиме тоа затоа што ти си светлината на нашите животи!! Ти благодариме што си ТИ!!“ додаде таа. Актерот, кој го прослави својот роденден во вторникот, 4 ноември, ја сподели објавата на својот Инстаграм и накратко напиша „љубов“ како одговор…

Read More

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала, соопштија во Јавното обвинителство. „Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело“, велат оттаму. Сепак, додаваат во Обвинителството, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините.

Read More

Читајќи го Преспанскиот договор лесно може да се заклучи дека употребата на ознаката НМК за Македонија по сообраќајните знаци низ Србија е спротивно на сите меѓународни договори и усвоениот меѓународен код МК или МКД. Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија лани, во одговорот на прашањето на МКД.мк, велат дека добиле ветување од Србија дека наскоро ќе биде поправена оваа грешка.Но, излегува дека не е грешка. На 30 јуни 2020 година во Службен весник бр.174 е објавен Правилник за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот донесен од Министерството за транспорт и врски (тогашен министер беше Горан Сугаревски,…

Read More