Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Комуналните камиони направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат Скопје
    Македонија

    Комуналните камиони направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат Скопје

    07/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Се мијат плоштадот Македонија и кејот на Вардар, а започна и чистење на депонијата Варадриште, која, според новиот градомначалник Орце Ѓорѓиевски ќе биде нова зелена површина. Тој, синоќа, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, сите скопски градоначалници и со јавните претпријатија, ја започна првата активност од својот мандат, чистењето на главниот град за 72 часа.

    На паркинзите пред салата „Борис Трајковски“, Ѓорѓиевски ја собра сета механизација и работници кои ќе учествуваат во акцијата, направија светлечко шоу, па заминаа да го чистат градот.

    „Ги мобилизираме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека е можно Скопје да биде чист, достоинствен и уреден град, изјави Ѓорѓиевски.

    Тој вчера најави дека ќе ја преземе целата одговорност за работата на јавните претпријатија. Посочи дека нема да брза да ги смени директорите и нема врз нив да ја префрла одговорноста за состојните во градот.

    „Јас сум адресата што ќе биде одговорна пред граѓаните во наредните 4 години. Доколку тие сметаат дека не го водам добро градот стојам зад иницијативата градоначалникот да може да биде отповикан од својата функција, рече Ѓорѓиевски.

    Во чистењето на Скопје се вклучија 800 работници и 100 возила, од „Комунална хигиена“  и другите јавни претпријатија, но и од другите градови и од општествено одговорни компании.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Шефот на белгиската дипломатија Максим Прево денеска во официјална посета на Maкедонија

    Денеска лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада

    Доналд Трамп помладиот ја искритикува Европската Унија за време на посетата на Босна

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.