Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Дејан Николов со вода од црево одржувал деца во живот додека горела дискотеката „Пулс“
    Македонија

    Дејан Николов со вода од црево одржувал деца во живот додека горела дискотеката „Пулс“

    25/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше за трагедијата на денешното судење во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје, каде што  продолжи судењето за трагедијата во која загинаа 6а3 лица, а над 200 беа повредени. Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата.

    Николов кобната вечер бил во „Пулс“. Тој пошол со своите другари во дискотеката, а таму веќе бил и неговиот син.

    „Влегов во дискотеката некаде пред 2 часот, нарачав две виски и две води, веднаш му платив на шанкерот и застанав со моите другари позади. Детето веќе беше излезено со девојката и неколку негови другари кои излегоа на воздух, а јас бев од другата страна под билетарницата, спроти нив, тука бев и запаливме со другарот цигара. Во тоа време доаѓа полицијата, тој другарот вели јас ќе влезам, ти остани со твоите деца, за да немаат проблеми бидејќи беа малолетни. Тогаш јас застанав кај друштвото на мојот син. Неколку минути подоцна другарче на мојот син видно вознемирено ми покажало снимка и ми рече: „Чичко Дени, дискотеката се запали.“. Мојот син тргна да види за што се работи, јас го фатив за рака и му реков почекај сине, бидејќи видов дека излегува дим и се слушаат чудни звуци, тогаш сфатив дека е нешто сериозно. Тогаш забележав дека снема струја и тогаш настанаа големи викотници, страшно беше“, рече Николов, кој кажа дека го зел најблиското црево и почнал да прска кон вентилаторот.

    Тој кажа дека ги скршиле прозорците од женскиот тоалет однадвор од каде што се слушале звуци.

    „На самите решетки се фатија девојчиња, пискаа, јас пробав да ги смирувам и тогаш одлучив да ги прскам со вода. Децата ми велеа „чичко прскај повеќе вода, поубаво дишеме“, рече тој.

    Николов нагласи дека пожарникарите пристигнале брзо и му помогнале да продолжи со спасувањето.

    Откако завршил со прскањето, како што рече, се повлекол со неговиот син и другарот на неговиот син во неговиот сервис во непосредна близина да се соземат, по што решиле да си одат дома. Децата ги внел во внатрешниот дел од сервисот и направил раствор од сода бикарбона и шеќер бидејќи биле беа многу потресени.

    Следното рочиште е закажано за 29 декември.

    Во меѓувреме, родителите на загинате во дискотекат,,Пулс“ се сомневаат дека токсиколошките анализи за причините за смрт на нивните деца не се целосни и бараат дополнителни вештачења. Александар Наунов, татко на загинато девојче кој е и претседател на Здружението „16 Март 2025“, се сомнева дека причина за смрт е и присуството на цијанид во телата на загинатите, но тоа, како што рече не е утврдено со форензичките анализи на МВР, иако било оставено како можност.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    СДСМ поднесе кривична пријава против Манасиевски од МВРО-ДПМНЕ и струмички полицајци

    Антикорупциските служби го претресуваат домот на шефот на кабинетот на Зеленски

    Изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, на 6 мај во МКЦ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.