Автор: Редакција
Специјален трибунал ја осуди соборената премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, на смрт по обвинение за злосторства против човештвото за нејзиното задушување на студентското востание минатата година, во кое загинаа стотици луѓе и се случи соборување на нејзиното 15-годишно владеење, пренесува Асошиејтед Прес. Меѓународниот трибунал за злосторства со седиште во Дака, исто така, го осуди поранешниот министер за внатрешни работи, Асадузаман Кан, на смрт за неговата вмешаност во употребата на смртоносна сила против демонстрантите. И Хасина и Кан избегаа во Индија минатата година и беа осудени во отсуство. Трет осомничен, поранешен началник на полицијата, беше осуден на пет години затвор откако…
Толку млада, а веќе глобален хит, прекрасната актерка Мили Боби Браун (21) не престанува да го краде вниманието на целиот свет со своите модни изданија. На едно од нејзините последни појавувања на црвениот тепих, таа подготви незаборавен стајлинг, а сега се потруди да создаде возбуда и на социјалните мрежи. Millie Bobby Brown is getting into the Christmas spirit with her new clothing line and a festive “Elf on the Shelf” look pic.twitter.com/xg4F7iGJnp — FearBuck (@FearedBuck) November 14, 2025 Мили беше фотографирана за празничната колекција на брендот за облека Florence by Mills Fashion, кој е во нејзина сопственост, а една посебна…
Италијанската фудбалска репрезентација доживеа тежок удар на „Сан Сиро“, каде што во беше поразена од Норвешка со 1:4 во квалификациите за Светското првенство.И покрај водството на полувреме, Италијанците се распаднаа во продолжението и го запишаа првиот пораз под водство на селекторот Џенаро Гатузо. Норвешка така го потврди првото место, додека Италија ќе игра дополнителни квалификации за Мундијалот.Кога Гатузо пристигна на прес-конференцијата, првото прашање беше зошто Норвешка во второто полувреме изгледаше како да се движи двојно побрзо.„Не мислам дека проблемот беше физички, затоа што веднаш по паузата, во рок од 30 секунди, им дозволивме да дојдат до шанса, потоа се повлековме…
Израелските податоци покажуваат дека најмалку 98 Палестинци починале во притвор од октомври 2023 година, а реалниот број е веројатно значително поголем бидејќи стотици луѓе притворени во Газа се водат како исчезнати, соопшти група за човекови права со седиште во Израел, пренесува Гардијан. Лекари за човекови права – Израел (PHRI) ги следеа смртните случаи од причини како физичко насилство, медицинско занемарување и неухранетост за нов извештај, користејќи барања за слобода на информации, форензички извештаи и интервјуа со адвокати, активисти, роднини и сведоци. Израелските власти обезбедија сеопфатни податоци само за првите осум месеци од војната. Во овој период, официјалните бројки покажуваат невидена…
Во понеделник, 17 ноември, во Филхармонија ќе се одржи големиот концерт посветен на еден од најзначајните музички автори на овие простори, Влада Дивљан. На сцената, како специјални гости ќе се придружат Кирил Џајковски – пионер на електронската музика и уметник чиј препознатлив звук одамна ги надмина локалните рамки – и Констракта, артистката што внесе свежа уметничка перспектива на регионална сцена со уникатен пристап, интелигентен хумор и современа естетика. Концертот, насловен „Само една љубов имам“, го подготви групата „Невладина Организација“ по повод десетгодишнината од смртта на Влада. Нивната турнеја со овој концерт симболично започна во Виена, со фантастична премиера во градот…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува исцрпувачката сезона на четвртото место на АТП листата со 4.830 поени, иако некои други тенисери имаа одлична можност да го „прескокнат“ на Завршниот Мастерс во Торино. Ноле се откажа од овој турнир во последен момент и со тоа ја „скрати“ својата сезона, но и покрај тоа е четврти овој понеделник.Во исто време, Новак Ѓоковиќ влезе во уште еден рекорд во својата ризница на рекорди, станувајќи тенисер со најмногу недели поминати меѓу најдобрите „четворки“ на АТП листата.Ѓоковиќ поминал дури 808 недели од својата кариера. Не треба да заборавиме дека мнозинството се најдоа на првото место…
Фрлањето отпад во контејнерите од денеска ќе биде забрането во периодот од 22 часот до 6 часот. Советот на Скопје на последната седница одлучи да ја измени Одлуката за комунален ред за да му помогне на јавното претпријатие Комунална хигиена да го одржува градот чист. Непочитувањето на одлуката ќе се казнува со 50 евра за граѓаните, како и над 1.300 евра казни за фирмите. Од Градот Скопје информираа дека инспекциите постојано ќе бидат на терен за да се почитува одлуката, но во првите неколку месеци нема да казнуваат, туку ќе издаваа само опомени. Градските власти објаснуваат дека во сите поголеми…
Филмот „Диџеј Ахмет“, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, овој викенд постигна исклучителен меѓународен успех, освојувајќи шест престижни награди на три европски филмски фестивали во само два дена.Од својата премиера, „Диџеј Ахмет“ постојано добива одличен прием кај публиката – гледачите по проекциите со ентузијазам споделуваат дека филмот ги изненадил, трогнал и воодушевил. Токму таа искрена поддршка се рефлектира и во вниманието што го добива на меѓународните фестивали.На Босфорскиот филмски фестивал (@bogaziciff) филмот ги освои: ● Специјална награда на жирито ● Награда за најдобар актер за Ариф Јакуп во улогата на Диџеј АхметНа Севилскиот европски филмски фестивал (SEFF) (@festivalsevilla)…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика републиканците во Претставничкиот дом да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, што е пресврт од неговиот претходен став. „Републиканците во Претставничкиот дом треба да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, бидејќи немаме што да криеме“, напиша Трамп на Truth Social во неделата вечерта. Големото поместување во ставот на Трамп доаѓа откако потенцијално десетици републиканци сигнализираа дека се подготвени да гласаат за објавување на документите. Се очекува Претставничкиот дом оваа недела да гласа за закон што ќе го принуди Министерството за правда јавно да ги објави досиејата. Поддржувачите на законот се чини дека…
Филмот „Диџеј Ахмет“ освои шест награди на три европски филмски фестивали во само два дена. На Босфорскиот филмски фестивал филмот освои специјална награда на жирито и награда за најдобар актер за Ариф Јакуп во улогата на Диџеј Ахмет. На Севилскиот европски филмски фестивал ги освои Гран при наградата на жирито и наградата за најдобар актер — повторно за Ариф Јакуп, додека, пак, на Брауншвајг Интернационалниот филмски фестивал, наградата на жирито за најдобар европски дебитантски или втор филм и наградата од публиката за најдобар европски дебитантски или втор филм. „Ова е неверојатно признание за целата екипа, особено за Ариф Јакуп и…
