Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»„Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина
    Македонија

    „Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина

    04/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ доби меѓународно признание во Кина, каде што беше одликуван со Почесна награда за визуелна имагинација во главната натпреварувачка селекција на Blue Planet Sci-Fi Film Festival.

    Наградата ја доделува Организацискиот комитет на фестивалот и претставува признание за исклучителниот визуелен концепт и иновативниот пристап во градењето на изгледот на филмот. Blue Planet Sci-Fi Film Festival е меѓународен фестивал специјализиран за научна фантастика, со фокус на нови визуелни јазици, авторски израз и технолошки иновации во филмот и анимацијата.

    Режисерот и сценарист на филмот, Гоце Цветановски вели дека посебен придонес во визуелниот идентитет на филмот има арт директорот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, еден од најпрепознатливите македонски илустратори.

    „Тхе Мичо е познат по својот уникатен стил кој често комбинира хумор и карикатурална динамика на ликовите, а неговите дела се изложувани и присутни во бројни меѓународни проекти и фестивали. Во овој филм свесно експериментиравме со различни анимациски техники. Нашата цел беше да ги приближиме 2D и 3D технологијата и да создадеме свет во кој коегзистираат повеќе визуелни естетики. Користењето на различни стилови беше планирано уште при самото пишување на сценариото, како дел од карактеризацијата на световите и ликовите, рече Цветановски.“

    Ова е седма меѓународна награда за „Јон Вардар против Галаксијата“, кој досега беше прикажан на преку 40 фестивали.

    Поврзани вести

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Снег и магла на патиштата, се препорачува внимателно возење

    29/11/2026

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    СЗО предупредува дека деца и бремени жени страдаат од неухранетост во Газа

    (Видео) Шерон Стоун е сè помлада и помлада: Нејзината нова фризура не е за жени кои се плашат од промени

    СДСМ удри по Владата за возачот на Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека опозицијата го брани криминалот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.