Автор: Редакција
Познатата Софија Вергара често е мета на папараците, особено кога посетува престижни ресторани во Лос Анџелес, обично во друштво на своите пријатели и семејство. Нејзиниот стил е секогаш мета на коментари и под будното око на корисниците на социјалните мрежи, а сведоци сме дека таа избира широк спектар на комбинации на облека за вечерни излегувања во ресторани. Секогаш е женствена, обично во форма на фустани или парчиња со длабоко деколте, но овој пат се одлучи за малку полежерна верзија. View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Таа беше фотографирана на вечера со Ева Логорија и…
„Разговаравме за реформските процеси, за посветеноста на Владата и за носењето на законите што се составен дел од овој процес. Во фокусот беше и справувањето со заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Комесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на државата и го поздрави континуитетот во реформите и фокусот на нив по локалните избори“, напиша Муцунски.Денешната вечера што високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас ја организира во Брисел за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство од Западниот Балкан, меѓу кои…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет утре напладне ќе ја продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година, најави потпретседателката на Комисијата Јованка Тренчевска затворајќи го вториот ден од дебатата по амандманите.Во тек на денешната расправа беа разгледани и отфрлени дестина амандмани, со кои пратениците бараа дополнителни средства за Министерството за односи меѓу заедниците, за Министерството за европски прашања, за Агенцијата за остварување на правата на заедниците, за Агенцијата за иновации, за повисоки плати во полицијата, …За Предлог-буџетот за 2026 година се поднесени околу 200 амандмани.Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а…
Во организаицја на Фондацијата Метаморфозис, а во соработка со Интернешенал ИДЕА, денеска во Скопје, во рамки на деновите на медиумска писменост, беше презентиран извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ за време на изборите во Северна Македонија“. Документот е изработен според меѓународна методологија која се применува при изработка на слични извештаи во партнерство со организации и во Молдавија, но и во Сенегал и Брегот на Слоновата коска. Главната цел на оваа активност е да ги идентификува факторите кои овозможуваат ширење на дезинформации и манипулации преку странско влијание за време на изборни процеси, како и да ги препознае структурните слабости кои ја…
Најмалку 25 лица загинаа, вклучувајќи три деца, во руски напад со беспилотни летала и ракети врз западниот град Тернопил, кој погоди два блока станови, соопштија украинските служби за спасување и Укринформ. Уште 73 лица се ранети, од кои 15 деца, соопштија официјални лица, во еден од најсмртоносните руски напади врз западна Украина од почетокот на целосната војна во февруари 2022 година. Два други западни региони беа погодени, Лавов и Ивано-Франкивск, а напад со беспилотни летала беше насочен кон три области на северниот град Харков, при што беа повредени повеќе од 30 лица. Фотографиите објавени на интернет покажаа згради и автомобили…
Русија донесе сеопфатни закони за зајакнување на својата одбрана од украинските напади со беспилотни летала и саботажни операции, што го одразува очекувањето на Кремљ за долготрајна војна со Украина, пренесува Гардијан. Речиси четири години по почетокот на војната на Владимир Путин во Украина – целосна инвазија за која тој очекуваше да трае само неколку недели – Москва е речиси секојдневно цел на украински беспилотни летала кои напаѓаат енергетски објекти, додека украинските оперативци убија голем број познати руски воени личности длабоко во земјата. Овие украински напади со длабок удар ја принудија Москва да се соочи со ранливости за кои некогаш претпоставуваше…
Откако двапати беше одложуван, конечно денеска од 13 часот ќе се одигра последниот натпревар од 1/8 финалето во Купот на Македонија меѓу Шкендија и Тиквеш. Почетокот е закажан за 13 часот на Градскиот стадион под Шара. Јасно е дека тетовци се ставени во улога на фаворити, но сепак во последно време кавадарчани како да излегуваат од кризата и секако дека нема така лесно да се предадат. Во Купот секогаш се можни изненадувања, а во Шкендија се свесни дека овој меч мора да се добие:„Ние сме фокусирани на овој натпревар бидејќи мора да одиме во следната рунда од Купот. Сакаме да…
Сенатот брзо се одлучи за усвојување на закон што ќе наметне објавување на истражни досиеја поврзани со покојниот педофил Џефри Епштајн, неколку часа по речиси едногласното гласање во Претставничкиот дом на САД, со што речиси заврши двопартискиот напор што Доналд Трамп го водеше со месеци, пренесува Гардијан. Со едногласна согласност, Сенатот се согласи да ја усвои мерката веднаш штом ќе пристигне во салата од Претставничкиот дом, кој претходно во вторник со огромно мнозинство го одобри законот со 427-1. Откако законот ќе биде доставен до Сенатот, тој автоматски ќе биде одобрен и одобрен за потпис од Трамп. Претседателот, кој се откажа…
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок… View this post on Instagram A post shared by MAG LEBANON (@maglebanon) Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа. На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети. Иако деловната елеганција е нејзин заштитен…
Со претставата „Лимениот барабан“ во режија на Васил Христов, а во изведба на Југословенско драмско позориште од Белград, на сцената на МНТ, од вечерва стартува 50. издание на Млад отворен театар – МОТ.Јубилејното издание започнува со претстава во која има доминантно македонска авторска екипа, која го постави антологиското дело на германскиот нобеловец Гинтер Грас, „Лимениот барабан“.„Југословенско драмско позориште низ овие 50 години, повеќе од десетина пати бил на репертоарот на МОТ, но привилегија е годинава што тројца наши автори го создаваат ова драмско парче и ќе ги гледаме на отворањето во „Лимениот барабан“, Никола Коџобашија, автор на музика, Костантин Трпеноски,…
