Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Муцунски-Кос: Потврдена посветеноста на евроинтегративниот пат на Македонија
    Македонија

    Муцунски-Кос: Потврдена посветеноста на евроинтегративниот пат на Македонија

    19/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email
    „Разговаравме за реформските процеси, за посветеноста на Владата и за носењето на законите што се составен дел од овој процес. Во фокусот беше и справувањето со заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната. Комесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на државата и го поздрави континуитетот во реформите и фокусот на нив по локалните избори“, напиша Муцунски.
    Денешната вечера што високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас ја организира во Брисел за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство од Западниот Балкан, меѓу кои и македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, има за цел да ја реафирмира посветеноста на Унијата кон регионот, потврдувајќи дека проширувањето останува најважниот геополитички проект за стабилност и безбедност на нашиот континент, изјави официјален претставник на ЕУ.

    „Ќе се фокусираме на тоа како ЕУ може да ја зајакне веќе солидната соработка со партнерите од Западниот Балкан за справување со глобалните и регионалните предизвици, вклучително и потребата од навремена и сеопфатна помош за Украина“, изјави претставникот на ЕУ за МИА.

    Според него, ЕУ идентификува дополнителни практични чекори за зајакнување на соработката во иднина на мултилатерални форуми и во безбедносната сфера, вклучително и преку заеднички напори за борба против странското манипулирање со информации и мешање и други хибридни закани, подобрување на капацитетите за кибер безбедност и зајакнување на усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

    Вечерата се одржува во пресрет на утрешниот Совет за надворешни работи на ЕУ, на кој, според најавите ќе биде презентирана грчка иницијатива за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Целта на оваа иницијатива е реафирмација на грчката позиција за поддршка на европската перспектива на земјите од регионот и за „забрзување на патот на Западниот Балкан кон европското семејство“.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Општина Чаир изрази сочувство по смртта на Владо Јаневски

    Федералниот суд на САД ги прогласи за нелегални царините на Трамп од 10 отсто и наложи враќање на парите

    Пациент од Куманово е деветтата жртва на западнонилската треска

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.