Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»САД излегуваат од 66 меѓународни организации, меѓу нив и клучни тела за климатските промени
    Свет

    САД излегуваат од 66 меѓународни организации, меѓу нив и клучни тела за климатските промени

    08/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    САД, под водство на претседателот Доналд Трамп, се повлекоа од 66 меѓународни организации, меѓу кои и бројни тела на Обединетите нации што работат на борбата против глобалното затоплување. Меѓу нив е и Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC), договорот што ги поставува темелите на глобалните напори за справување со глобалното затоплување, објави Би-би-си.

    Од Белата куќа соопштија дека одлуката е донесена бидејќи овие организации „повеќе не им служат на американските интереси“ и промовираат „неефикасни или непријателски агенди“. Во соопштението се наведува дека повлекувањето ќе стави крај на финансирањето и учеството на САД во тела кои, според администрацијата, „ги ставаат глобалистичките цели пред американските приоритети“.

    На списокот се најде и Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), експертското тело на ОН кое ја проценува состојбата на климатската наука на глобално ниво. Погодени се и други агенции на ОН кои работат на мир и демократија, семејно планирање, здравје на мајки и деца, како и спречување сексуално насилство во конфликти.

    Меморандумот бил потпишан во средата, по, како што наведува Белата куќа, ревизија на организации кои се оценети како „расипничко трошење на парите на даночните обврзници“. Администрацијата тврди дека многу од нив промовираат „радикални климатски политики, глобално управување и идеолошки програми“ што се косат со суверенитетот и економската сила на САД.

    Трамп и претходно ги намалуваше или укинуваше средствата за организации што ги критикува, а климатските ги нарекуваше „измама“. Минатата година, тој повторно ги повлече САД од Парискиот договор за климата и одби да испрати делегација на климатскиот самит COP30 во Бразил.

    Иако Уставот на САД предвидува дека претседателот може да пристапи кон договори со согласност на две третини од Сенатот, не е јасно како се регулира повлекувањето од нив.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Супер-Купот предвесник на новата кошаркарска сезона!

    Млади во Србија пешачат кон Нови Сад за да одбележат една година од падот на настрешницата во кој загинаа 16 луѓе

    Mozzart го отвори „Театарот на хуманоста“: Племенита уметност која ја храни душата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.