Автор: Редакција
Во емисијата The Five на американската телевизија „Фокс њуз“ се разви необична и непријатна расправа меѓу водителите, откако Џеси Вотерс почна да ја коментира физичката привлечност на актерката Џенифер Анистон, пренесе HuffPost. Сѐ започна кога неговиот колега, комичарот Грег Гатфелд, го пофали изгледот на политичарката Кејти Портер, нарекувајќи ја „хероина“ затоа што не подлегнува на современи стандарди за убавина и „не се менува за камерите“. Тој додаде шеговито дека „пред YouTube туторијалите сите изгледале како Кејти Портер“ и дека дури „луѓето не станале привлечни сѐ до интернетот“. На тоа Вотерс се надоврза со коментар дека „Џенифер Анистон денес изгледа подобро,…
Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со случајот „Кочани“, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев. „Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и…
Ваквиот тек на кампања го наметнуваат и лидерите на двете најголеми парламентарни партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тој започна уште на стартот на официјалниот дел со врамување и оцрнување дури и на самите слогани, пишува „Вистиномер“. Кампањата за локалните избори чиј прв круг е закажан в недела (19.10.2025), е невообичаена во смисла дека сите поголеми парламентарни партии изборите ги ценат како референдум за тоа кој колку вреди за натамошно водење на државата на централно ниво, а не како 81 референдум за тоа кој нуди поквалитетна и остварлива програма за водење на општините и на Град Скопје. Во таа смисла во медиумите…
Вакцина за превенција на ХИВ ќе биде за прв пат понудена на пациенти преку Националната здравствена служба на Обединетото Кралство, со што политиката во Англија и Велс ќе се усогласи со онаа во Шкотска, пренесува „Би-Би-Си“. Како што се наведува, долготрајната инјекција, која се дава шест пати годишно или на секои два месеци, претставува алтернатива на секојдневното земање таблети за заштита од вирусот. Експертите се надеваат дека вакцините наречени каботегравир (CAB-LA) ќе помогнат во остварувањето на целта за запирање на новите случаи на ХИВ до 2030 година во Обединетото Кралство. Меѓутоа, раните резултати за друга инјекција наречена ленакапавир, сугерираат дека…
Од 20 до 24 октомври, во Кинотеката на Република Северна Македонија ќе се одржи 16. издание на ЕХО – Фестивал на планински филм, единствениот настан во земјава што ја слави планината преку уметноста на филмот.Годинава, фестивалот ја става во центар поврзаноста меѓу човекот и природата, преку внимателно селектирана програма на документарни и авторски филмови од целиот свет.Отворањето е резервирано за полскиот филм „Последната експедиција“ (The Last Expedition) на режисерката Елиза Кубарска – инспиративна приказна за жените-алпинистки кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите. Публиката ќе има можност да ги погледне и филмовите „Девојка качувач“ (The Girl Climber) и…
Јубилејното 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ ќе се одржи од 25 октомври и ќе трае до 10 ноември, информира Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.„Есенските музички свечености“ 2025 година свечено ќе се отворат со концерт на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов, на 25 октомври, сабота, со почеток во 20:00 часот на сцената на Малата сала на Филхармонија.Билетите се во продажба на karti.com.mk.Македонскиот национален џез оркестар го претставува проектот „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Програмата ќе ја диригира Владимир Николов, кој ќе го предводи оркестарот…
Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, кои ќе се одржат во недела, на 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати имаат уште денеска можност да ги презентираат своите програми и ветувања пред граѓаните. Од полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во недела. По завршувањето на првиот изборен круг, доколку во некои општини не биде избран градоначалник, од понеделник, 20 октомври, ќе започне кампања за вториот круг на гласање.
Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата. Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен. ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук. Со сетови што предизвикуваат…
Шкендија следната недела ќе го одигра првиот домашен натпревар во лигашката фаза на Конференциската лига. Од клубот веќе ги објавија и цените за билетите за мечот против Шелбурн закажан за во четврток, а продажбата започнува денеска.Цените варираат од 500 до 800 денари, во зависност од трибината и блокот.Билетите ќе се продаваат онлајн преку „МкТикетс“, а физички ќе бидат достапни во Тетово, во „Монако Тобако“. На денот на натпреварот, билети ќе може да се купат и на билетарата пред стадионот во Скопје.
Русија ги зголеми сајбер нападите врз земјите-членки на НАТО за 25 отсто во текот на изминатата година, вели извештај на „Мајкрософт“, каде се нотира дека Кремљ ја ескалира својата хибридна војна против европските земји. Мајкрософт соопшти дека девет од 10 земји најпогодени од руската државна сајбер активност се членки на НАТО алијансата и нападите врз нив се зголемиле за една четвртина во споредба со претходната година. САД се најтаргетираниот регион, со 20 отсто од сите напади, по што следуваат Велика Британија со 12 и Украина – единствената земја што не е членка на НАТО во првите 10 – со 11 отсто.…
