Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Француска експлозија на овации за „Дон Кихот во Скопје“ во срцето на Париз
    Култура

    Француска експлозија на овации за „Дон Кихот во Скопје“ во срцето на Париз

    03/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Француската премиера на делото „Дон Кихот во Скопје“ од Дијана Имери Илкоска и Дино Имери, изведена на 30 ноември во волшебната париска црква „Petite Etoile“, беше дочекана со бурни овации и ентузијазам што ретко се гледа на концертна сцена. Публиката, видливо воодушевена од моќната интерпретација и од уникатноста на делото, не престануваше да ги враќа музичарите на сцената со силни и долги аплаузи.

    Ова исклучително музичко дело, кое македонската публика го слушна за првпат во октомври во фоајето на Националната опера и балет со Камерниот оркестар „ID“, отпатува во Париз за својата прва меѓународна турнеја. Таму, беше изведено од престижниот француски ансамбл „Хефестус“, под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска, со Дино Имери како пијано-солист и Бојан Илкоски како концерт-мајстор. Покрај македонската премиера, концертот во Париз беше и промоција на најновите трендови во современата музика, дополнета со дела од француски, канадски и италијански композитори.

    За овој голем меѓународен момент, ко-авторката и диригентка Дијана Имери Илкоска изјави: „Да се добие покана за настап со ансамбл како ‘Хефестус’, составен од врвни музичари, е огромно признание – и за изведувач и за композитор. Дополнителната возбуда ја донесе и самата атмосфера на Париз. Кога нашиот 7/8 ритам од финалето на првиот став прозвучи меѓу делата на француските автори, ме преплави силна емоција, а публиката веднаш ја препозна – и ни возврати со громогласни аплаузи.“

    Ко-авторот и пијанист Дино Имери додава дека концертот за него носи и длабоко лично значење: „Создавањето и приемот на ‘Дон Кихот во Скопје’ уште еднаш ми ја потврдија универзалноста на борбата против трите ветерници – неправдата, лицемерието и рамнодушноста. Убаво е кога ја слушаш својата музика во рацете на музичари како ‘Хефестус’, посветени на новосоздадена музика. Емоцијата беше уште посилна затоа што го делев овој момент со Дијана на подиумот, со Бојан Илкоски како концерт-мајстор и со флејтистката Богдана Бушевска – вистински амбасадор на македонската култура во Париз.“

    Делото „Дон Кихот во Скопје“, напишано по нарачка на Шпанската амбасада по повод Националниот ден на Шпанија, ја прераскажува борбата на славниот Сервантесов херој против трите современи „ветерници“ – Неправдата, Лицемерието и Рамнодушноста. Во приказната на авторката Тина Иванова, Дон Кихот доаѓа во Скопје, победува и ни остава порака: да ги слушнеме фанфарите не на победата, туку на човечкото достоинство.

    Музички, делото претставува редок спој на шпански и македонски фолклор, обликуван во современ симфониски јазик преку инвентивна оркестрација, ритмички пресврти и препознатлива мелодска експресија.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Адвокатот на Џефри Епштајн се согласи да плати до 35 милиони долари за да ја реши тужбата на жртвите

    15 издание на „100 Илјади поети за промена“ во Струмица

    Двајца синови осомничени за семејно насилство врз мајките во Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.