Автор: Редакција

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година, потврди Министерството за внатрешни работи за „360 степени“. Тоа значи дека стартот на проектот ќе биде одложен за еден месец во однос на првичните најави дека ќе стартува од јануари. Можноста за одложување неодмна ја најави министерот Панче Тошковски, по стартот на тест периодот, кој укажа дека на повеќе функционалности ќе им треба унапредување. Како што најавува МВР, „Безбеден град“ во февруари ќе започне да работи во Скопје, Тетово и Куманово, како и на делници од автопатските коридори 8 и 10. Системот ќе…

Read More

Чаби Алонсо не треба да биде премногу загрижен ако добие отказ од Реал Мадрид. Иако беше пречекан во Мадрид како човекот со кој започнува новата ера на Реал, тој се соочува со отказ од функцијата тренер на кралскиот клуб по само 28 натпревари. Незадоволството е големо меѓу челниците на Реал, поразите од Манчестер Сити и Селта за неколку дена само ја продлабочија кризата и се повеќе се шпекулира дека Чаби наскоро ќе стане поранешен.Ултиматумот за 44-годишниот специјалист е победа во првенството над Алавес. Доколку има нов неуспех, Алонсо може да си ги спакува куферите бидејќи речиси сигурно ќе стане поранешен.…

Read More

Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион формираа Меѓуопштински одбор за управување со отпад што беше услов за продолжување на проектот за изградба на модерна регионална депонија по европски стандарди. Како што информираат од Министерството за животна средина, формирањето на Одборот, е клучен момент во создавањето модерен систем за управување со отпад бидејќи со неговото воспоставување општините прават јасен премин од досегашните ад-хок и фрагментирани решенија кон стабилен, системски и одржлив пристап. „Новиот регионален модел овозможува предвидливи процеси, јасни надлежности и координација помеѓу институциите, што резултира во подобра организација, поефикасно користење на ресурсите, поквалитетни услуги, но уште поважно, намалено загадување и…

Read More

САД се подготвуваат да пресретнат повеќе бродови што транспортираат венецуелска нафта по запленувањето на танкер оваа недела, бидејќи тоа го зголемува притисокот врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Запленувањето беше првото запирање на нафтен товар или танкер од Венецуела, која е под санкции на САД од 2019 година. Ова се случи во време кога САД спроведуваат големо воено засилување во јужните Кариби и додека американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок за отстранување на Мадуро. Соединетите Американски Држави вчера воведе и нови санкции насочени кон Венецуела, воведувајќи ограничувања за тројца внуци на сопругата на претседателот Николас Мадуро, како и за шест танкери…

Read More

Училиштето за театар „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“, заедно со Македонски железници Инфраструктура и Македонски железници А.Д. Транспорт и оваа година ја продолжуваат успешната приказна што предизвика позитивни реакции кај илјадници посетители.Интерактивната претстава ќе се одржува секој ден од 20 до 30 декември 2025 на Железничката станица во Скопје, со почеток од 19 часот. Публиката го следи големото доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија, со неговиот волшебен воз во центарот на Скопје, преку приказна која се раскажува на различни локации:– Музејската постановка на Македонски железници– Театарска претстава во салон– Посета не волшебниот воз и подарок од Дедо Мраз за секој посетител…

Read More

Бугарскиот премиер Росен Жељазков денеска поднесе оставка со што неговата малцинска влада се повлече од власта по неколку недели улични протести против економските политики и поради перцепцијата дека кабинетот не успеал да се справи со корупцијата, објави Ројтерс. Жељазков ја објави оставката во телевизиско обраќање, само неколку минути пред парламентот да гласа за предлог за недоверба. Оставката доаѓа во период кога Бугарија треба да се приклучи на еврозоната на 1 јануари. „Нашата коалиција се состана, ја разгледавме моменталната состојба, предизвиците со кои се соочуваме и одлуките што одговорно мораме да ги донесеме. Нашата желба е да бидеме на нивото што…

Read More

Кога температурите се приближуваат кон нула, облекувањето патики, јакна, капа и трчањето навечер не звучи како привлечна идеја за повеќето од нас. Со исклучок на страствените тркачи кои не се откажуваат од своите омилени активности дури ни во текот на зимските месеци, тренингот дома или во теретана дефинитивно изгледа како подобра опција. Сепак, трчањето на студ има неколку неочекувани придобивки за нашите тела. Иако на прв поглед можеби не е најпријатно, постојат неколку причини зошто зимата може да биде одлично време да додадете џогирање во вашата фитнес рутина. Покрај тоа, експертите тврдат дека трчањето на студ е всушност поздраво за…

Read More

Екипата на Зенит за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ ја запиша деветата победа оваа сезона во ВТБ-лигата, откако на домашен терен славеше против Самара со убедливи 95-56.Димитријевиќ беше лидер во редовите на својот тим, за 28 минути запиша 13 поени, а беше на две асистенции до дабл-дабл. Македонскиот репрезентативец подели осум топки и додаде шест скока.Зенит после 14. коло се наоѓа на четвртото место на табелата со скор од девет победи и пет порази.

Read More

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата. Според информациите од колегите од Инфомакс, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на емисијата. Напаѓачот започнал агресивно да удира и тропа по влезната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време, успеал насилно да ја скрши и да влезе во дворот на редакцијата. Во моментот…

Read More

Охрид и Република Македонија на 11 и 12 декември 2025 година се домаќини на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“.Конференцијата официјално ќе биде отворена на 12 декември во 10:00 часот со воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Свои обраќања ќе имаат и директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, со седиште во Венеција, Магдалена Ландри, министри за култура, заменици-министри и претставници од земјите од ЈИЕ.На конференцијата ќе биде усвоена Охридската декларација „Одржливи културни модели за иднината“.Република Македонија го…

Read More