Автор: Редакција
Вардар 1961 не успеа да приреди чудо и да се завери пласман на завршницата во Европската лига. Негативата од десет гола од првиот натпревар, сепак се покажа како недостижна.Македонскиот тим имаше и водство од седум гола, но и тоа беше тешко да се одржи против францускиот тим.Милош Валах имаше 18 одбрани, беше на ниво на задачата, тој беше мотиваторот на „црвено-црните“ во текот на целиот натпревар. Покрај бројката зад неговото име, во центарот на вниманието е неговата двојна одбрана на стартот на мечот, која дефинитивно е за најавни шпици.
Како што наведува Сиљановска-Давкова, денес, повеќе од кога било, нашата обврска е јасна: да го чуваме, негуваме и унапредуваме македонскиот јазик, да го чуваме и браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои.Од делото на светите браќа Кирил и Методиј, преку визионерската мисла на Крсте Петков Мисирков, до кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 1945 година, соочени со оспорувања и пропаганди, се остварија вековните македонски стремежи за своја држава и јазик. Овој процес, дополнува претседателката, беше научно зацврстен со исклучителниот придонес на Блаже Конески, а дополнително зацврстен со објавувањето на првата граматика на…
Полициски службеник, дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби кривична пријава за телесна повреда. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полицаецот Р.Р. (39), на 2 мај физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Тој бил уапсен и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена. „Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од…
„Почитувани сограѓани Македонци, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод Денот на македонскиот јазик. Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава. Покрај тоа што овозможува комуникација, македонскиот јазик е и средство за институционално функционирање и службена комуникација во нашата земја“, се вели во честитката од Гаши.Како посебен јазик во групата на јужнословенските јазици, се додава, македонскиот јазик успеа да биде развиен јазик на книжевноста, образованието, науката и културата. Покрај тоа, како дел од Балканскиот јазичен сојуз, македонскиот јазик, заедно со…
Емо/пост-хардкор бендот Yöu оваа пролет оди на европска турнеја која опфаќа 13 концерти во осум земји во централна Европа и регионот. Турнејата започнува на 15. мај во Скопје со концерт во Буква, на кој ќе настапи и кочанскиот бенд Корка, по што следува интензивен концертен циклус од 11 настапи во 11 дена низ Словенија, Италија, Германија, Австрија, Чешка, Хрватска и Србија. Финалниот настап е закажан за 6 јуни во Битола, на главната бина на метал фестивалот под отворено небо, „Metal Discharge“. Турнејата, која опфаќа патување од над 5000 километри, е реализирана во соработка со Атомик продукција и Црнило букинг од…
На 6 мај (среда), со почеток во 20:00 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје свечено ќе биде отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, значаен истражувачки проект посветен на комплексниот однос меѓу европското уметничко наследство и развојот на модерната уметност во Македонија.Автор на проектот е проф. Кирил Пенушлиски, а изложбата претставува длабинско истражување на влијанието што творештвото на старите европски мајстори го имало врз македонските модерни уметници – не само како извор на техничко знаење, туку и како поттик за критичко преиспитување, интерпретација и создавање нови визуелни јазици.Преку внимателно селектирани дела, изложбата го осветлува процесот низ…
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков престојува во Брисел каде што вечер ќе има обраќање пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, кој е дел од програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија.Публиката на концертот, што ќе се одржи во престижната сала „Бозар“ (Bozar) во Брисел, ќе има можност да ужива во уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез-израз.Манифестацијата „Денови на македонската култура“, на која македонската уметност се претставува пред европската публика во најрепрезентативно издание, започна на 2 мај со настапот на Балетот при Националната опера и балет во Антверпен, а вчера програмата продолжи…
Во новиот билет на Кошаркарската федерација на Македонија, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ покрај редовните казни според пропозициите за екипите, изрече суспензии за судии.Два арбитри добија суспензија во сите лиги поради недозволно извршување на својата задача после прегледување на видео материјал од страна на контролор. Едниот доби забрана за вршење на должност од четири меча, додека вториот нема да може да суди во следните два, во сите лиги. Овие судиите беа делегирани на мечеви од полуфиналето на плеј-офот во Прва лига жени.Уште четворца судии добија збрана на вршење на должност од еден натпревар во сите лиги по проверка на снимка…
Првиот ден, вчера, започна со средби со Емануел Жиофре, директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), и Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан во DG NEAR на Европската комисија, како и со европратениците Лукас Мандл (AFET) и Илхан Ќучук, поранешен известувач за Македонија.Денес, во вториот ден, Османи продолжува со густа институционална агенда. Утрото започна со средба со Андреја Вихер Вајт и Адел Марсуло од кабинетот на комесарката за проширување Марта Кос.Следуваат посебни средби во Европскиот парламент со европратениците Владимир Пребилич, Тис Ројтен и Матијаж Немец.Во сите разговори доминираа две прашања: сериозната загриженост за уривањето на Охридскиот мировен…
Таа се заблагодари за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхагенските критериуми со почитување на европските принципи и вредности, утврдени во конститутивните акти на Унијата.Според неа, силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ. Таа го поздрави романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња“.Обајцата сметаат дека добрите политички односи треба да бидат проследени со поширока и подинамична економска соработка.На средбата беа разгледани можностите за соработка во областа на културата, образованието и науката. Сиљановска-Давкова изрази подготвеност за…
