Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Обвинителството поведе постапка против 27 лица за злоупотреба на возачки дозволи
    Македонија

    Обвинителството поведе постапка против 27 лица за злоупотреба на возачки дозволи

    12/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи, соопштија денеска оттаму.

    „Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03 септември 2020 година, до 24 август годинава, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени, а во одредени случаи ги отфрлала веќе оформените барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По извршените измени, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина“, пишува во соопштението од Обвинителството.

    Оттаму додаваат дека до овој момент, за четири лица е утврдено сомнение дека постапувале како посредници, при што во договор и содејство со вработената во МВР посредувале за незаконско издавање на возачки дозволи.

    „Тие пронаоѓале заинтересирани лица и ги поврзувале со службеното лице, па ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите во електронскиот систем и нивно издавање. Лицата на кои им биле издадени возачките дозволи, иако не ги исполнувале законските услови за соодветните категории, ги започнале постапките со поднесување барања, по што категориите биле незаконски внесени и одобрени во електронскиот систем, а потоа лажните исправи ги употребувале како вистините, па и за нив постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство“, се додава во соопштението.

    За вработената во МВР, како и за две лица кои повеќепати ги употребувале лажните дозволи за да управуваат возила во меѓународен превоз на патници и стоки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. За вкупно 17 лица се предложени мерки на претпазливост, додека 7 се недостапни на органите на прогонот до овој момент.

    „Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да го истражува настанот и потенцијална инволвираност на други лица како вработени во МВР, така и посредници и евентуални корисници на вака фалсификуваните документи, како и можни други злоупотреби при издавањето и користењето на возачки дозволи“, се вели во соопштението.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    The Most Popular Celebrity Name List of the Millennium is Here

    (Фото) Класик без кој не можете оваа пролет: Научете како да комбинирате бела кошула

    AРМ ќе прими 300 нови војници

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.