Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

    11/09/2026

    Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

    11/09/2026

    Филипче: СДСМ по трет пат предлага закон за зголемување на минималната платa до 600 евра

    11/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Евидентирани 58 случаи на западнонилска треска, 8 лица починати
    Македонија

    Евидентирани 58 случаи на западнонилска треска, 8 лица починати

    10/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во 2026 година, во Македонија се регистрирани вкупно 58 случаи на западно-нилска треска. Од регистрираните случаи 54 се водат како потврдени, а четири како веројатни, наведено е во неделниот извештај што го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Според место на живеење на заболените, 55 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес, Куманово и Свети Николе.

    „Регистрирани се 57 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија. Од регистрираните случаи, 46 или 79,3% се машки, а 12 или 20,7% се женски.
    Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 47 (81,0%), седум се лица на возраст од 50-59, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години“, пишува во извештајот.

    Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените е регистриран во месец август. Кај 17 лица почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај.

    „Сите заболени со невроинвазивна болест (56) биле хоспитализирани, 55 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и еден во Аџибадем Систина. Испишани се 43 од хоспитализираните потврдени случаи, а сè уште на лекување се 5 лица. Починати се 8 од хоспитализираните потврдени случаи. Просечното траење на лекувањето кај испишаните и починатите лица е 14 дена“, пишува во извештајот.

    Во текот на 2026 година, до завчера, регистрирани се 8 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ, со леталитет од 13,8% од регистрираните потврдени случаи. Сите починати лица се од машки пол. Просечната возраст на починатите лица изнесува 71,9 години. Сите починати лица се од Скопје и сите починати лица биле хоспитализирани. Кај седуммина се регистрирани коморбидитети.

    Поврзани вести

    Претреси на 32 локации во Скопје, се бараат докази за фалсификувани возачки дозволи

    11/09/2026

    Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

    11/09/2026

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    10/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

    11/09/2026

    Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

    11/09/2026

    Филипче: СДСМ по трет пат предлага закон за зголемување на минималната платa до 600 евра

    11/09/2026

    Законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции доби комисиска „виза“ за понатамошна собраниска процедура

    11/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, шест пожари се активни и утрово

    Лазаров: Честитики до момците! Играчи што имаат мала минутажа во своите клубови покажаа карактер и борба!

    Детроит енигма за Денвер и Јокиќ, рекорд на сезоната во Индијана (ВИДЕО)

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.